Јас го користев тоа обичното, во мало тубе со мирис на ментол. Лично не ми се допадна поради тоа шо содржи салицина киселина, а таа е кератолитик, така шо привремено усните ми омекнуваа, а потоа ми се сушеа и ми беа иритирани. Мене единствен спас ми се лабелата на алверде, а многу голема улога има и колку вода консумирате во текот на денот.
Кое лабело е подобро? Моментално го користам тоа од Алверде и одлично ми е, но се мислев да го купам ова Мелем колку да сменам малце
Второво не ми е пробано ама за лето ти ги препорачувам лабелото на еуцерин, поводеста текстура ми има од алверде и не е тешко како него, а многу споро се троши.
Убаво е и ова на Мелем. И на Неутрогена е убаво. Инаку за парите, ова на Алверде е и повеќе од одлично.
Мене тоа од алверде ми е најдобро, лесно е но, одлично хидрира и негува. Единствен недостаток е тоа што нема заштитен фактор.
Првото не ми е користено, но можам да ти кажам јас се крстам во мелем. Многу е мрсно и е супер за во зима. За во лето ќе ти биде погодено ако имаш навика да ја корниш устата како мене. Лабелото од еуцерин мене воопшто не ме хидрира, како ништо да не сум ставила.
И двете ги имам користено и двете се одлични. За сува усна прва помош. Само за херпеси не е, но кога би бирала дефинитивно би било првото.
Ова ми е најново откритие! Последно кога купив од алверде со невен нешто не ми се бендиса, како да ја имаат сменето формулата, па се одлучив за ова. Полн погодок!
И јас го делам истото мислење со тебе. Сега скоро почнав да го користам, но многу сум задоволна, навистина е феноменално.
И јас се вклучувам во тимот задоволни од ова лабело. Мислев дека од невен е незаменливо се додека не го купив ова. Не е мрсно, убаво ја омекнува и хидрира устата и плус мирисот е преубав
Исто, ова скроз ми го замени тоа од невен кое и така сакав да му најдам замена поради тешкиот мирис за мој вкус, но убаво ги хидрираше усните и поради тоа и го користев. Ова е полн погодок.