И јас си го купив ова од Алверде со мирис на праска. Претходно ја имав новата верзија на класичното лабело со невен. Mислам дека беше невен, мед, смоква. Преубаво мириса и тоа, ако е сè уште достапно - не се мислете, навистина е преубаво и тоа. За жал limited edition е и тоа, можеби го има само во зима, не сум сигурна. Но, ако го има, навистина е супер. Нема подобро лабело од ова. Убаво е во секаква верзија.
Периодов имам многу проблем со усните, не можам да си ги средам. До сега го користев лабелото на еуцерин и бев задоволна, но сега не ми помага. Некоја крема/ маст штп може да ми ги среди усните?
Carmex, ама обичното без различни мириси. Презадоволна сум, омекнува многу и нема потреба од пречесто нанесување. Малку пецка на усните, нешто слично како тие сјаевите за зголемувње, ама не е премногу интензивно. И мирисот на класичното може да ти смета, малку е како медицински, како прополис да речам. Од класичното без разлика дали е како лабело или во тубичка или во кутивче, сите се ок. Од тие со различни мириси пред некој ден зедов такво Berry, ај демек да сменам, убаво мириса да, ама допирна точка нема со класичното, и плус по 10 минути како ништо да немаш ставено. Го баталив и си купив пак класично
Јас исто имам проблем со усните и тоа цело време, само лабелото на Dr.Hauschka ми помага.Малку е поскапо ама вреди.
Ги има во сите аптеки, македонско производство се. Околу 70-80 денари, јас го имав портокаловото ( го земав поради тоа што содржи спф), но не бев задоволна бидејќи е многу течно.
Мислам дека ги нема, јас имав порачано од lookfantastic и не бев импресиониран. Инаку, забележав за лабелото шо го купив од Мелем, веднаш ми ги смирува испуканите усни ама подоцна уште повеќе ми се испукани и прекинав да го користам, си се вратив на алверде со невен-за мене нема подобро од тоа!
Знам дека добар мирис привлекува ама ако имате проблем со испуканост, сувост, избегнувајте ги тие со изразен мирис, парфемите уште повеќе сушат. Јас се префрлив на чист вазелин, оттогаш немам проблем.
Користев, а и сеуште го користам одвреме - навреме обичниот чист вазелин. Но, од неодамна ги открив лабелата за усни на CARMEX. Значи, со двете раце потпишувам, најдоброто лабело досега!! Инаку, јас имам проблем со цела козметика и шминка за усни. Поточно, ми се јавува гребење во грлото (нешто како да ме греби, да ме тера да се искашлам, нелагодност, да не доиздишувам...), а без лабело НЕ-МО-ЖАМ. Обожавам да ми е влажна устата, и секогаш мека. Сум користела и со шеа путер разни лабела, но не ми се покажале баш баш. Ама ова на Carmex е чиста 10-ка! Плус, има и spf 15 , што ми е екстра. Презадоволна сум, и топло ви го препорачувам. Ќе ви ги среди усните во најмногу 2 дена, а потоа ќе си се мачкате редоследно како што ви одговара. Поздрав п.с. - ако сакате ќе прикачам и слика од лабелото