Каде да го барам ова Revers лабело, низ аптеки само? Денес најдов од новото Алверде што го пофаливте колективно. Ако уште некој некој сака да си го купи, имаше останато доста на рафтот во ДМ во ГТЦ.
Важи, и онака имам за пазарење низ аптеки па ќе се распрашам деновиве. Ако го најдам ќе пишам обавезно. Ова од Алвердe со душа чекам да го отворам. Балеа лабелото ко за инат не се троши и не се троши, а ставам како луда ама ете ти.
Препорака за оваа маст од Еурофарм. Пијам роакутан од кој усните за време на терапијата се постојано многу суви, дури и болат од што се суви. Купував секакви лабела, ама единствено од оваа маст ми се средија усните. И покрај терапијата сега воопшто не ми се суви. А цената и е само 20 денари.
Дали има Велнеа лабела во Грција по маркети или некаде? Знам кај нас дека нема, па да нарачам од некој кога ќе оди бидејќи се преубави.
Баш се фини лабелава, не знаев дека ги донеле Biobaza во ДМ. Го зедов само зашто беше розово и изгледаше слатко. Повеќе видови се, не можев да се одлучам па го купив и синото со екстракт од алое вера и памук, ама не сум го пробала сè уште. Структурата на самиот стик е доста поцврста (со пчелин восок е) и баш ми се допаѓа како ги хидрира усните. Не е мрсно, не делува само површински и не се губи за пола час. Супер е за постудениов период кој следи. Не се сеќавам која беше регуларната цена, јас го купив 115 денари, на некаков попуст беше.
Кога го видов, веднаш го купив нормално. Убаво мириса, но морам да признаам дека не хидрира како то претходното со волчји трн.
Амбалажава привлечна му е. Што мирис има? Инаку за хидратација, јас последен пат што го купив тоа стандард од невен лабелото, некако како сменета ми е формулата, не е тоа тоа, не хидрира баш. Или многу залади, па не ми е доволно нешто... Не знам дали само мене вака или стварно се променети некако лабелава нивни?
Има нежен мирис на ванила, ама еве лично не сум задоволен, во споредба со претходното. Инаку, не знам за тоа од невен, зашто не го имам купено пред брзо.
Имам околу 30 и не планирам да застанам. Опсесија ми се. Посебно за вака зимско време мора да се прави нега со нешто.
Последно го купив ова лабело на MAC glow play , немам користено поубаво лабело во животов , некои велат дека е замена на Dior лабелото (и тоа го немам пробано) нијансата што ја имам е coral floral , има некој слаб ванилест мирис , и дава одлична хидратација , остава минимална боја и огромен сјај. Е сега не е евтино , јас на пола цена го земав 13 евра , доколку го начекате на попуст некогаш пробајте го, стварно вреди
И јас денес го зедов тоа со невен од алверде и некако не ми е исто во формулата.. ке видам сепак како ке хидрира ако не не го земам веќе