Во ДМ ги донеле новите верзии од Мелем лабелата. Така безвезе ми почна денот, ептен ме развесели паузата што си ја направив во ДМ. Има безбојни и во боја. Од класичните не видов баш што имаат и како. Само едно зимско видов (cold пишуваше на него) и едно со авокадо. Можеби имаше и други ама не се позамарав да видам. Да ми се потроши безбојното лабело, би го купила ова со авокадо. Тие што се во боја ептен ми привлекоа внимание. Како 2во1 се - лабело и руменило. Формулата е доста хидратантна, меѓутоа задоволна сум како е пигментирано. И на допир вака меѓу прсти е како плишано и доста кремасто. Веројатно како што и стои на пакувањето - би било ок да се користи и како руменило, ама јас не знам дали би го користела така. На усни баш ми се свиѓа како стои. Си го купив ова со магнолија. Преубаво мириса, бојата е нешто ко корално-розова, баш е летна. Трајноста не верувам дека ќе биде којзнае каква, ама бар негата е врв, како и секогаш кога се работи за лабела од Мелем. Има уште една верзија, со роза (dreamy rose) и веројатно би била нешто посветла од оваа. Преслатка е амбалажава, ептен girly.
Случајно ме привлече нешто да ги пробам овие лабела и може да кажам дека е меѓу најобрите, ако не и најдобро лабело што сум го пробала.
Јас го купив во дм, не сум сигурна дали и на друго место има продукти на биобаза. Ова конкретно не остава боја, ама имаше избор од повеќе типови, не сум сигурна дали некој имаше пигмент. Ако одам деновиве баш ќе погледнам и тоа.
@Ano супер е на прво пробување, одма ми ја омекна устата, а не е премногу меко да се топи. Последно од Кармекс имав и почна да ми се распаѓа на уста. И мирисот не е јак што ми е најбитно мене, ми сметаат тие што се многу вештачки овошни мириси. Ќе ги пробам и другите сигурно.
И јас сум многу задоволна од Biobaza, мислам пишував пред некое време, топ се. И состојките се добри. за тие што пазат на составот.
Има ли некое магично лабело што помага за обновување на сува, испукана уста? Никогаш не сум го имала овој проблем, но последниве 2 месеци мака мачам. Сите од нивеа, росал, алверде, балеа ги имам пробано, мелем истотака..... нема ефект кај мене.
Vo bebehome imaat eden techen balzam za usni shto mene najmnogu mi pomaga. Farmstay Collagen lipbalm se vika, mozhesh i da go narachash na coslovemetics.mk ako ne si vo Sk, ne znam dali ima bebehome vo drugive gradovi. Druga opcija ti e Aquaphor na Eucerin, go imam koristeno i toj za usni vo mala tubichka i toj obichniot vo pogolema tuba i zadovolna bev od dvete verzii. Dvete mozhat na usni da se koristat.
Само лабелото од мелем класичното го имам пробано, тоа во металното кутивче не. Зар е различна формулата? @grandinquisitor го побарав Farmstay Collagen lipbalm ама не е достапно ниту онлајн ниту во продавниците на coslovecosmetics. Фала ви на сите за одговорите