Врска немаат со Нивеа. Ги памтам тие какви беа преубави, и негуваа па и мирисот посебен им беше, овие се никакви. Овие ако се за фалење не знам што да кажам. Реално од Балеа ми се подобри, а има голема разлика во цената. И ова од ванила скоро го земав дека обожавам ванила ама ме разочара и тоа.
Да се надоврзам дека и јас се разочарав од Лабело. Прво мислев Ајде можеби само оваа боја е таква, но купив 3 различни и сите се лоши. Кога барам боја плус хидратација ги користам Golden rose glow kiss, ги омекнуваат усните, имаат поголема пигментација и сјај. А за по дома како третман засекогаш омилено Мелем во големата кутија.
Дали ги имате пробано овие на Dove? Овие две ги имам видено. Ако ги имате пробано пишете збор, два какви се, кое е поубаво..
Ja go ima vtoroto predobro e za mojata suva usta, meko e i mrsno so prekrasan miris od aloe jas sum prezadovolna
@KiT @resenska само у Зегин ги има овие? Сакам да ги пробам, шо дека иам поише лабела по дома коа не негуваат, пак ми се суши устата, џабе. И мирисот им е како на Дав производите сличен или?
У Зегин се 100 и кусур ваљда? Оние Labello никаквине у Рамстор над 220, ненормални. Се излажав, земав и се разочарав.
Последниот пат кога пазарував, Labello беше 185 денари. Не се нормални со цените. На мене Росал ми е убаво лабело.
Јас моментално го имам од Rosal - Cherry и ми е омилено, остава ептен убава нежна боја и мириса на бомбони.
Забегаа до бескрај. И 300 ќе стигне како шо тргнало ама бар да вредеше за парите, гола вода се. Тие па на Росал одамна не сум ги користела дека све на Балеа зимам обично. @MandyLane значи убаво и слатко мириса? Да го видиш на Лабело тоа со цреша, бљак. Одбивен гаден мирис. Од Балеа ова сеа најново ми е, убав пријатен мирис има и остава само нежно блага нјуд нијанса ама барам некое што негува. Изглеа само тие Мелем и Еуцерин помагаат за сува уста.
Росал од цреша остава и боја на устата. Исто како кармин да си ставила. Јас го имам користено. Последен пат го земав оригиналното.
Нејќам тогаш штом остава боја, ама ако има убав мирис би зела онака само да го мирисам. Ја и баш од таа причина го земав ова што го ругам, надевајќи се дека мириса убаво. Кога станува збор за лабело сакам или безбојно или ептен некоја нежна природна нијанса да остава. Ни кармини не ставам во впечатливи бои не пак лабело.
Бојата не е јака. Нежно црвена е. Еднаш се зезнав и земав Росал диско квин. Мислам дека веќе го нема во продажба. Тоа да ти било со светки. Како кловн бев. И Росал од камилица е убаво.
Да, мириса многу убаво и пријатно. Јас сум генерално специфична околу мириси на лабела, некое ако мириса малце посилно знае дури и главоболка да ми направи, така да ова ми е таман. Бојата што ја остава е преубава, нежен убав црвено-розев сјај, еден месец веќе кармин не ставам, само со лабелово, топ ми е.