Зедов лабело од Биобаза(Silky Lips) и воопшто не ми се допаѓа. Остава многу тенок слој при нанесување, потешко се нанесува и од некоја причина горчи. Најверојатно ќе оди во канта.
И јас не сум задоволна од Биобаза. Го земав тоа со CBD, требаше 10 слоја да ставам за да осетам дека имам лабело на уста, тешко се нанесува стварно, суво е вака и не лизга како жолтото на Алверде. Не хидрираше и плус за кратко време се губеше. Испробав неколку други лабела и пак си се вратив на тоа од Алверде, за 65 денари е одлично.
Може да ми покажеш кое е тоа на алверде што си задоволна? Јас па по корејскиве само одам не ми текнувс никако од дм.. Имам пробано на нивеа / лабело и уште некои ама многу тешки некако..
Леле како не го пишавте ова месец дена порано. И јас се зезнав и купив лабело од нив. Ужас човече, место да ми ги хидрира усните тоа бетер ми ги прави. Погрдо лабело не сум пробала.
Каде може да се купи Labello Lip Butter? (розовото поспецифично) Во дм го имаше пред неколку години ама веќе не можам да го најдам
Има ли некој во скоро време купено лабело на Кармекс во мкд, не можам да го најдам во аптеки ни во дм?
Има во дм. Баш пред некој ден видов, ама не сум од Скопје. Пиши им на Дм на фејсбук ќе ти кажат во кој дм имаат.
Fala ti im pisav, se nedevam deka go imat nekade i jas go gledav zimata deka go imaat ama ovie denovi ne mozam da go najdam.