Од каде го зема? Во Зегин знам дека има едно со овошен вкус, ама не е вакво со стискање. Во ДМ не сум ги видела.
Во Бугарија преку Нотино, ама во моментов користам земено од Копенхаген. Немам идеја каде може да се најдат во Македонија.
Ги има во ДМ а од скоро и по некои тобака низ Македонија, но ретко може да се начекаат бидејќи доста се трошат. Во Македонија се по 250-300 денари а во Германија по 2,50 евра. Кармекс користам 6 години, никогаш не би го сменила искрено идеално нешто е.
Во последно, во ДМ се поретко ги има или воопшто ги нема. Забележав дека ги има во Еурофарм и тоа повеќе видови...
Јас од Carmex па ич не сум задоволна, беше со некој овошен вкус и така ме печеше устата кога ставав што прекинав да го користам. Сега за сега сум најзадоволна од Neutrogena, одма ми ја оправа устата, лабелата на Melem, Alverde и Balea не ми делуваа нешто посебно. Имам и Nuxe Very Rose и тоа не е нешто посебно да негува а не е ефтино и плус е во стаклено кутивче, што значи мора со прст да ставаш или со апликатор и не ми е практично. Ако имате предлог за стварно добро лабело, па макар да е и поскапо пишете ми
Презадоволна сум, знае да ми се суши устата од ладново, ставам ноќе и утредента устата ми е супер, хидрирана.
И јас сум од Еуцерин задоволна. Го имав тоа во стик што е. Предобро лабело. После неколку мачкања, устата ко нова е.
Ауу убаво ме потсети тоа го користам, исто, презадоволна сум. За ќерка ми па користев Еуцерин гел и лосион за атопична кожа. Како козметика ептен вредат.
Девојки дали сте го користеле лабелото? Го земав деновиве ама ме пече кога ќе го ставам на уста, како да ја мачкам устата со чили пиперка. Читам дека содржи ментол. Дали и некоја друга има исто искуство или не ми одговора составот?
Да и тоа го прочитав. Не би рекла дека е од салицилната киселина. Ја користам за лице и некогаш кога ја размачкувам во делот околу устата ми преминува на усната и не сум почувствувала печење.
Исто и мене ме пецкаше лабелово. Јас имав некое со јагоди, во туба. Но не ми се допадна којзнае колку.
Ако сте на буџет за уста само Вазелин, ако не Laneige. Само овие две ми средиле уста, се друго уште посува ми ја прави
Предлог добра замена на Кармекс? (SebaMed, Dove и Alverde не ми се допаѓаат) Мелем сребрениот ми е добар, ама сакам да сменам.
До сега најдобри ми се покажаа Мелем и Неутрогена. И на Неутрогена е такво класично без мирис, но за опоравување ми е врв. Дали се дојдени кај нас овие? Бидејќи се за нега а не се класични сјаеви, затоа прашувам тука.