Колку убаво изгледаат, последно време се што ќе видам од Есенс се земам, од се сум задоволна а воопшто не се скапи. Штета што се нема кај нас. Гледам дека и многу моливчиња нема кај нас. Квалитетот и е супер за тие пари. Посебно маскарите, скоро сите ги пробав и од сите сум задоволна. Единствено сјај имам земено, убава боја и трајност ама ме нервира што ме пецка кога го нанесам првите 10 минути.
Порано лабелата на Сензилис ми одговараа ама сега и нив ги расипаа. Немам најдено асално лабело. Последно го земав сребренето на Мелем, хидратантно е ама кратко трае, за брзо време устата се суши и исто како ништо да не си ставил.
Буквално дојдов на темава за тие Super Peptide да прашам. Го имам само првото (безбојно) видено по парфимерииве (во ДМ го има), предобро е и преубаво мириса. Да не знае некој случајно некаде дали има од тие во боја?
Хелп итно е! На одмор сум и устата ми изгоре од сонцето па барам лабело со спф што ќе ја спаси. Нешто што го има во аптека или дм. Ако има и што остава боја уште поубаво.
Пробај со Еуцерин лабелото, има фактор 15ка или едно како сјај е, СОС пишува на него, исто од Еуцерин.
Жолтото лабело на уријаж со спф каде може да го најдам дали знаете ? Или неутрогена ама со заштитен фактор ? Зегин ги немаат