Јас користам какво ќе стигнам, т.е влегувам во продавница и кое ќе ми се засвиѓа го купувам. Најчесто безбојни купувам.До сега имам користено на Нивеа, Росал, едни од 20 денари, со вкусови на цреша, пина колада, ружи , јагода, камилица, мед и млеко...Моментално ова го користам: Убавко е, безбојно, со арома на јаготка. Спојлер Го купив во Рамстор, околу 100 денари.
Не се замарам многу со тоа од која фирма е лабелото. Лабело си е лабело.И едното и другото вршат работа. Кое ќе ми се засвиѓа си го купувам.
Ова: Прво бев скептична, дали ќе ми се допадне мирисот, да не случајно е некако киселкаст како што беше случајот со лосионот за тело што го имав; па да не случајно остава некоја си чкљ боја, ама супер е. Се изненадив пријатно и од мирисот и од трајноста, мајке ми и од бојата. Оние црвените делови оставаат некоја розе трагичка, ама мене ми е супер. Сакав да го земам тоа со маслинка и лимон исто Нивеа, ама немаше, па се одлучив за ова.
Денес си го купив лабелото од Галафарм од јаготка ама со светулки е Фала богу светулките не се познават кога ќе нанесиш. Задоволна сум многу од лабелата, хидратантни се и имаат многу убав мирис :up:
И јас го користам ова лабело и супер е.Многу убаво мириса и откако го ставам, устата повеќе не ми е сува, а и не ми се лупи...
моментално имам четири лабела, две на Росал едното мед & млеко а другото cherry lady ...едно на Нивеа fruity shine и уште едно од Oriflame
^ Среќа моја што не сум го купила, ќе си пукнев од мака штом е црвено. Ми се виде убавко, амбалажата му е срценце и мислев дека и бојата ќе му биде таква розеникава, ама добро е, не ми е мака барем. Ама сепак ќе си го земам следниот пат, ми изгледа како да ќе има супер-сладок мирис. Инаку новите на Nivea, Vitamin Shake кај нас се околу 130д. - некоја поназад имаше прашано.
^ Ако мислиш на Vitamin Shake со малинка и рибизла - да, остава некоја си убава бледо-розе нијанса. Тоа со диво јаболко ваљда малку потемно е.
Нивеа со малинка и рибизла е преубаво лабелооо,не пука устата,мека е ,и исто изгледа ко да имаш ставено сјај на усните,и светло розева боја е!мене многу ми се свиѓа,имав такво и за 4 дена го снема а сега имам Nivea Soft Rose и тоа е многу убаво,нежна розева боја остава.. Иначе дома вријам од лабела хахаха сите пари на тоа ги давам Имам зелено и жолто гарниер,три росал,едни малечки имам од 20 денари,LipBalm..
Само да не се збуниме, ова што остава корална боичка е Pink Guava, не од тие новите Vitamin Shake. Јас новите ги немам сеуште пробано