Предлог лабело во боја што добро хидрира? Сите што ми се свиѓаат се безбојни, а за во зима ми треба нешто што е две во едно. Само не Carmex, сум читала лоши рецензии за составот.
Ова ми е многу убаво, остава баш дискретни светки, и убава сјајна уста дава. Сега не е како кармин, ама пробај го.
Гледам и од Нивеа го има истото. Ова се води како кармин, ама буквално има текстура на лабело, го препорачувам.
Мене најубави ми се на Еуцерин и на Балеа. Конкретно овие на сликите. Овие на Балеа ми се одлични за таа цена искрено, две за 100, живо џабе. Јас преферирам безбојни лабела, битно ми е да негува или барем да хидрира. На Росал тоа од цреша оставаше боја, не ми се свиѓаше. Ни на Нивеа не ги сакам баш, не ми се ништо посебно за толкава цена. Освен ова сивово, ми беше некако подобро од другите на Нивеа. Памтам дека пецкаше малку, као демек ,,плампинг" ефект. Убаво се осеќаше на усните. Исто на Есенс ми се свиѓаше еден балзам од ванила, не знам дали уште го имаат, не сум го земала одамна. Овие две на Балеа и Еуцерин ми се фаворит, сега за сега.
Дефинитивно овие два. Устата многу ми е мека, малку да ми е напукната веднаш ми заздравува. Ла рошот е околу 600 денари, Биодермата е 500. Малку се по скапи ама многу се ефективни.
Катастрофа лабелово. Balea oriental plum, ако не се гледа сликата. Многу тешко мириса и многу тешко се мачка, суво е некако. Остава некоја ептен бледа розе боја, ама навистина е многу суво и воопшто не хидрира.
И јас не сум задоволна од балеа поточно ова од роза. Само убаво мириса а другото исто како ова погоре.
По грешка го купив лабелово, мислејќи дека го ставам во корпа тоа сензитив на Балеа што е. Дури дома видов дека е Алверде. И тоа приметив кога нанесував, си велам ова мирисаше нежно, да не смениле формула. Нема никаков мирис инаку. Ама, одлично е. Супер-хранливо, хидратантно, баш сè што сакам од едно лабело. Е за ова препорака, одлично е.
Мене ми мириса, чудно.... Некако тежок мирис, да не речам на кантарион. Го оставив, не можам да го поднесам мирисот.
Вака тешко ми мириса она што им е во жолто пакување, со невен мислам беше. Тежок мирис ми има жолтото, а лабелото е и повеќе од одлично. Ова не го осеќам, скроз неупадливо ми е мене.
Од каде го купуваш лабелово? Никаде го немам забележано. Да не е некоја стара амбалажа на ова од Росал?