Росал од мед и мелеко - одкако знам за мене тоа си го користам, и тук-так некогаш некое друго имам купено ама исто само од росал Еднашка само од нивеа имав едно, мн црвено/бордо ми оставаше ама прекрасно мирисаше
Последно кое го купив е ова и не сум пријатно изненадена. Не е воопшто хидратантно. Откако ќе го ставам воопшто не се впива во устата и по некое време повторно ми е сува. Единствена позитивна страна е што има многу сладок мирис.
Ги обожавам лабелата на Росал. Поготово тоа розевкото, Прити грл. Ја омекнува устата , убаво мириса и со нежни дискретни светки е. Виолетовото исто од Росал воопшто не ми се допаѓа. Ги имам пробано и од мед и млеко и лабелото од кокос и од камилица. Ама и тие се просечни. Пред некој ден си го купив црвеното Росал , нешто чери лејди се вика, убаво е ,остава нежна црвена трага. Од лабелата на Нивеа не сум задоволна, ниедно не ми е по ќеф. Ми ја сушат устата.
Ми се потроши лабелото и сакам да си купам од новите на Нивеа, гледам дека ги фалите ..па и јас да пробам . Само незнам која е разликата помеѓу овие две?? Кое е поуабво?? или ова
Tоа со јаболко остава поинтензивна боја чинам. Јас го имам второто, со малинка и многу ми е убаво, остава нежна речиси неприметна розовкаста нијанса и има препрепреубав мирис.