E и јас денес го земав балсамчево,колку убаво мириса на чоколадо и портокал ама ненападен мирис,исто така honey trap убаво мириса Mногу убави ги прават усните
Денес зедов. Преубаво е! Устата мека, убава боја, дискретно сјајче и ептен убаво мириса. Препорачувам
И по толку мислење кое да го одберам на крај се одлучив за оваа. Воопшто не згрешив што го купив дека е преубаво, многу убаво мирира , а исто така дава нежна боја. Следниот пат ќе го пробам тоа другото од диво јаболко, ми изгледа дека и тоа е убаво.
Девојчиња, ме интересира нешто, а богами и во последно време ептен се навлеков на мирисот од мед и млеко. Башка што многу ми се сушат усните, сакам да ги средам, а истовремено сакам лабелцето да биде нежно на мирис и текстура. Во ова второво не се сомневам кога станува збор за лабелата на Нивеа, ама мирисот ми е малце така сомнителен. Убаво мириса тоа со мед и млеко? Ме интересира како сте задоволни од мирисот на ова жолтково и дали остава некаква боја, зашто сакам безбојно, да остава малце сјај. Веќе го имам тоа новото со малинка и рибизла, преубаво е, презадоволна сум, ама ми остава малце боичка, па го користам за навечер. Ми треба нешто безбојно, хидратантно и нежно на мирис.
Не остава боја, само сјај,И мириса прекрасно, нежно, баш за овој летен период..Мене ми е супер.А тоа од цреша првото остава боја малце..
^ Мишела јас би ти го препорачала тоа од Росал со мед и млеко. Јас имам прилично суви усни и ова ептен ми ги омекнува. Исто има преубав мирис и не остава боја.