Ова го користам јас моментално: Преубаво мириса стварно, ама лошо е тоа што остава црвенки траги, не го сакав тоа јас. Сакав само сјај малце да има и да мириса на цреша. Наредна планирам ова погоре на Росал да си го земам, повеќе ми кажале дека е убаво.
Јас го користам лабелото на Nivea Essential-Care и задоволна сум,усните ги прави меки и многу убаво мириса
Го користам rosal lipbalm од млеко и мед и сум презадоволна со години го користам, ги прави усните меки а и за оваа време сега е адекватно бидејќи ги штити и негува усните пробајте нема да зажалите
Да стварно е многу добро, и јас најмногу нив ги користам А за тоа со траги од црвенило јас го купував порано тоа, сигурно мислиш на ова:
Па прилично сум задоволна од Nivea и од Rosal, а добри се и оние од Галафарм. Со оглед на тоа што скоро секогаш устата ми е сува, доста лабела имам пробано, но никое не ми ја омекнува устата доволно. Во последно време се префрлив на оние во кутивчиња што се од Галафарм. Не можам да најдам слика, но сега за сега ми се допаѓаат. Се мислев да го порачам ова од Орифлејм. Ако некоја од вас го има користено, нека сподели искуство колку е задоволна.
Jaс го користам ова лабело од Авон . Можам да кажам дека сум средно задоволна , можеби имам проблематична уста која лесно пука на времево ама како се вели колку пари толку музика. 100 денари беше ... А вакви да направат има да идат како алва ...лично јас по 3 ќе земам секој месец
Пошто не користам кармин, туку само сјај и лабело, најдобри ми се росал лип балм. Сум користела и од авон, орифлејм, нивеа, но росал според мене се најдобри, сега зависи за кој како. Моментално го користам росал лип балм инстант волуме.
Летно време и не толку, но зимно време обавезно.Инаку нон стоп ми распукува устата и само се бришам со палома. Користам од Oriflame, не е важно кое, некогаш winter,сега некое од цреша, претходно од Avon имав едно со срциња од вишна.Таквите лабела ги сакам. Тоа од диња,јаболко,лубеница не фала
Порано многу често користев лабела. Ги имав дома најразни. Де вакво, де онакво... А сум немала проблеми воопшто со устата.. Сум ги користела колку занимација некоја да имам. Хахаха Во последно време, воопшто и не користам лабело. Имам едно дома, плаво на Нивеа, ама многу ретко ставам од него, скоро никогаш.
Значи нема поубо од ова! И ја омекнува устата и многу убав сјај дава И не е многу скапо 100 денари Од ко почнав да го користам, не признавам друго
Ги имам и двете ама од млеко и мед тоа сум позадоволна, а и летниот сон (нели summer dream) веќе ми е при крај и здосадено ми е (посебно мирисот, а на почетокот го обожавав, преубав е, навистина потсеќа на лето), инаку и двете ми се добри на устата не ми е сува и ми помагаат, бидејќи и така немам некоја проблематична уста
Летово со сиот мерак,го видов ефтино,си го купив Росал Summer Dream.Прекрасно мирисаше,прав летен мирис,плус негуваше добро,го обожавав ама како да ми било пишано да го користам само лето,дојде школска година,јас го изгубив.. Всушност јас многу често губам лабелца,ретко кое сум го потрошила до крај а да не го изгубам или да го заменам со друго Ова до сега ми било најубаво,мирисот ми е типичен за зима,плус мајка ми го сака и секогаш го има во ташна,па јас цело време и го крадам После него многу меки и мазни ги осекам усните а и негувани. Го обожавам сите лабела што содржат камилица,многу ми се нежни некако ма да,како што реков секогаш менувам и не се задржувам на едно Омилено ми е ова : Од Нивеа сеуште немам пробано многу,само две.Едното е ама не ми е баш за зима,кога ми се суши многу устата,би го препорачала за пролет/лето Ма да,летово се токмам да си го купам ова,демек со фактор 30-ка а мене тоа ми треба за на одмор Другото кое го имам пробано од Нивеа е она со цреша,што си го користам како карминче повеќе,бидејки остава убава црвена боја на усните. Го користев и Гарниерот црвеното,веќе имам напишано за него,супер ми беше,одлична нега,не оставаше бели линии ама ни сјај и мирисот беше просечен ама го изгубив Сега моментално го користам Спојлер жолтото,како крема за усни е и дава многу сјај,убаво негува,само мирисот не е баш нешто,ама ќе пројде И на крај да ве прашам дали ги имате пробано лабелата на Лабросан,ме привлекуваат мирисите како Пина Колада,шумско овошје? Спојлер Се извинувам за долгиот пост,знам претерав
До сега начесто сум користела лабела на NIVEA и впрочем сум многу задоволна од овие две Но пред неколку дена зедов од essence glossy lip balm како намена за сјајче и многу ми се допадна бидејќи е многу хидранто и сега го користам како лабело