Јас си користам лабело од Eucerin , ама не гледам некои ептен wooow резултати... исто како да не го употребувам
Купувам само, а не ги користам многу. Имам собрано околу десетина, скоро сите неупотребувани. А омилени ми се овие:
Да ама сепак ја штити и храни устата дури го имаш на себе. И според мене е најдобро од сите што ги имам пробано.
Постојано ги користев на Росал, додека не го земав ова на неутрогена ептен е ефективно и навистина ја омекнува устата. Иначе по дефолт си имам во ташна и едно од Нивеа, од оние што оставаат црвенко, па како замена за карминче си го користам
Да најсјајни се овие на Нивеа, од се што сум пробала Нивеа убедливо најубаво лабело, останува уште Неутрогена и Еуцерин да ги пробам но не се сомневам во квалитетот, инаку Нивеа овошните нијанси се прекрасни одлична замена за кармин, ич да не се замарам дали имам со себе шминка или не. Инаку најинтезивна и најтемна од сите овие е Калинката, а Пинк Гуава е најсветла (моја омилена) инаку бојата е прекрасна на секаков тен одговара, темен, блед, беж... итн. Браво за Нивеа! :up:
Го имам зеленото, многу убаво мириса, ја прави убава устата, а и покрај тоа што ставам 2-3 пати на ден навистина трае.
И јас го имам зеленово од крушка, а го имав и ова од боровинка десно што е, и двете се прекрасни и плус благи се и цело време вака правев кога ќе си ставев.