На Нивеа лабелото од црешна, вишна остава ли боја,и дали на Нивеа како сјачиња што се имаат ли светки? Многу прашувам
Немаат светки, ама оставаат нежна, бледо-црвена боја. Мене прекрасно ми мирисаат, ама ич не си се допаѓам со таква црвеникава боја на усните. Повеќе сум за розово и она пинк гуава ми е следно на листа.
Девојки, сакам да прашам нешто. Порано имаше лабела на Нивеа што оставаа црвено, како ова погоре од Еленушка, ама што не оставаа сјај, сувички беа. Ги има ли уште? Сегде ги барам, ама не можам да најдам, ги има само овие сјајните, а јас ич не ги сакам тие. И кога сум на темава, да кажам дека моето најомилено лабело ЕВР беше ова на Нивеа, Passion fruits, кое оставаше прекрасна виолетова боја, и од кое забите ми изгледаа неверојатно бели! За жал, го нема веќе, одамна го барам. И беше мат, не сјајно. Еве го: Тоа од лево е моето омилено Passion fruits (малку опаковката му е поразлична, ама тоа е), а десно е црвеното од цреша што нема сјај, какво што сакам. Сте виделе негде вакви? П.С. И каде можам да најдам лабела на Labello? И тие ги барам одамна, имаат слично како ова виолетовото на Нивеа, ама ни тие не можам да ги најдам.
Пробај го тоа на Росал со вишна или црешка - не се сеќавам од што беше, ама го имав пред година и нешто, беше такво мат, не сјаеше. Мене лично Нивеа ми се поубави, Росал ми се малце посуви (оние овошните), можеби ќе ти биде океј. Се сеќавам тоа црешка/вишна даваше убава нежно-црвеникава боја, без светки, сјај, делуваше ептен како карминче.
Претпоставувам на ова мислиш Јас па мислев дека овие се сјајни, не знам зошто. Порано користев Росал лабела (не овие во боја) и беа така мрснички малку, сјајни, па мислев дека и овошниве се. Ама штом не се сјајни, ќе пробам. Сакам мат лабело во боја, зошто ако е сјајно, ми се разлева околу устата и после изгледам како да сум изела тон цреши Тоа виолетовото на Нивеа што го барам очајно беше ептен мат и бојата си стоеше на уста со часови, беше баш како кармин. Ќе го пробам Росалов, се надевам дека ќе ми биде добра замена. Фала, и очекував дека ти ќе ми одговориш, не знам зошто
Па во споредба со Нивеа, Росаловци не се така сјајни, што знам. И мене така ми се разлева бојата со било кое вакво обоено лабелце, ама ставам одозгора кармин во слична нијанса и терам така. Ми нема спас. Плус, поефтина варијанта е Росал, а ако не ти се допадне, пробај и така како подлога за кармин или сјај да го користиш. Спојлер Категоријава за лице ми е слаба страна, затоа можеби таков филинг.
Јас го имам ова и остава црвеникава боја и е суво,мене лично не ми се допаѓа.Порано го имав бледо розевото од него сум презадоволна
Јас сум ги имала rosal hudro care,pretty girl,labello pearl and shine,balea never ending story и може да се каже дека балеа е најдобро!
Го потрошив тоа на Росал црвеното од цреша, сега мислам на Нивеа да земам тоа што е Vitamin Shake.Ама се мислам дали тоа со диво јаболко или малина.Кое е поубаво според вас? И дали се хидратантни, од Нивеа до сега само тоа од ружи го имам користено и никакво беше, суво не се размачкува, на секои 10 минути треба да ставаш. Ако е и ова такво подобро ич да не купувам, на Росал верна да си останам.
На Нивеа тие ич не се добри само остануваат така на уста и не се впиваат, многу на нерви ми одат плус не ја омекнуваат устата само ствараат завист, на секое те тера да се мачкаш.