Сакам да си го купам лабелото Nivea-vitamin shake, но имам забележано дека скоро секаде цените на ова лабело се различни, па сакам да ми кажете доколку знаете каде е најефтино?
Може да ми кажете каде има balea never ending story лабело, неможам да го најдам по маркетиве, а многу сакам да го купам, читам помагало за суви усни. Иначе сега го имам од росал портокаловото од мед и млеко. Преубаво мириса ама сепак сакам да сменам
Rosal - мед и млеко. Најубаво ми е. Сум користела и други. Едно време користев Nivea ама некако не ми се свиде.
Го купив на Нивeа ова со малина ама не пушта боја , јас мислев ќе пушта ,дава влажност, убаво е кој сака такво, како сјај да имаш безбоен на уста. Дали некој го има пробано ова од јаболко што е дали пушта боја, убаво е ??? ако има некој искуство нека каже
sunfemina фала за одговорот! Иначе бев и го најдов во дм маркетот во трговски, се надевам дека ке биде добро. Прво што забележив е убавиот мирис на колачиња со лимон, за другото ке видиме. Иначе anggell јас го имам пробано и не пушта боја, мислам дека е исто како тоа од малина само друг мирис. Незнам кое лабело да ти го предложам за да ти пушта боја ама само се сеќавам дека порано имаше едни лабела беа црвени и кога ке ставиш од нив оставаше црвено ама баш црвено само незнам од коо беше
^ Има и сега едни од вишна, пушта црвена боја ама мене не ми стои црвено , понапред имаше едни на розе што пуштаа боја и на лила боја ама сега никаде неможев да најдам сепак фала ти
Од Росал црвеното остава боја (мислам дека беше ова http://m.fashion.hr/images/news-2798/10 ... 608a8c.jpg ), во комбинација со безбојно лабело се добива убава нијанса
Јас се двоумам помеѓу Нивеа од цреша или јагода? Сакам да остава црвена боја, ама незнам кое е подобро и какви им се нијансите. Некој ги има користено двете па да каже кое е подобро?
Од нивеа од јагода јас имам користено и остава мат црвена боја, инаку за устата добро е ја омекнува, а од цреша немам пробано
Ај ако не ти е тешко стави сликичка да го видам кое е тоа што остава мат боја Одамна барам такво, а низ маркетиве ги има само оние fruity shine. Тие црвените оставаат боја, ама и светат, сјајни се, а јас сакам да остава мат црвена боја. И уште нешто, ако некој знае дали постои лабело што остава виолетова боја, го молам да каже. Очајно барам едно Нивеа што го имаше порано, passion fruits, ама го нема веќе со години Најубаво лабело ever.
Јас си го купив Нивеа од јагода и свети кога ќе го ставиш, ама кога ќе се впие останува црвена мат боја. Ако ти врши работа такво земи си го
Да си праша батко Ѓорѓија. Лабелцево е со портокал и цимет? Ако е такво, пак ќе ме натера да си брцнам во тоа скромните залихи и да фрлам стотка по ова. Тууу, невозможна сум. Ама па, сакам цимет, т.е. обожавам. И како да му одолеам. Не ми личи на ванила, ама па што знам. И дали некоја го купила? Да сподели како мириса и каква боја остава ? Јас до тогаш ќе се надевам дека е најобично, безбојно и дека мириса на цимет. П.С - Видов прегеска во Тинекс и едно (најверојатно ново на Нивеа), зелена опаковка, ко светло тиркиз, ама прибидејќи џебот ми беше (веќе) полупразен, не се обѕрнав да го заприметам поубаво. И тоа е следно на листа, од што и да е.
Од Нивеа ги имам користено речеси сите, но сега користам од Нивеа исто така ама е од lemon i olive, многу е убаво и ја омекнува устата Би ти препорачала да си земеш nivea од olive and lemon прекрасно е ја омекнува устата и има извонреден мирис