За лабелото на Росал Winter Magic,Beauchamp i Мishela прашуваа,многу тешко да го најдете,лимитирано издание беше,јас исто така го барав подолго време,и го најдов во една аптека,последно беше,мириса на портокал повеќе отколку на цимет,не остава никаква боја,мене лично не ми се допаѓа,си стои така,не го користам.
Nivea pink grapefruit lip balm :up: Го користев многу долго и кога наеднаш го снема по продавниците. Ако го користела некоја форумџика во скоро време, ако може нека ми пише кај го купила зашто не можам да го најдам.
^ Го нема повеќе, од старото издание на лабелава е ова. Сега сменета е амбалажа и све по списак. Го барав и јас, ама изгледа дека не се произведува веќе.
Го користам ова лабело на нивеа и не сум нешто презадоволна за парите што ги дадов.Иста функција би ми вршело и лабело од 50/60 денари..Така мислам...
Ја не можев да издржам бе, не можев и купив Nivea Vitamin Shake. Кога ќе се запнам за нешто не сум жива додека не го имам. Коментар за лабелово - поубава боја дава од Росалот, ама многу потешко се размачкува 5 кила треба да ставиш, единствено тоа ми смета, а иначе што имав едни гадни, испукани места на устата за 2 дена ми ги среди, што се мачев со нив скоро месец дена, тоа е најпозитивниот ефект. Следни на тапет ми се „зимските“ лабела: мед и млеко, чоколадо, ванила, камилица и сл... Спојлер Уште ова не сум го потрошила за следното мислам.
Јас искрено сум воодушевена од овие на L'occitane. Кожата на усните едно време ми беше премногу испукана, ми се лупеше, не знаев што се случува и случајно се случи да го пробам ова и на почетокот не очекував многу. Ама леле луѓе, по неколку часа кога се фатив за усните, ми беа толку меки и нежни, не можев да поверувам. И сега тоа го користам, во малечка тубичка како маст е. И останатите лабела се супер.
Го имаше некоја пофалено во една тема, па кога бев на поминување кај ДМ го купив. Прво, цената е многу прифатлива, 65 денари, веројатно затоа што е на акција. Редовната цена не ја знам. Понатаму, мирисот е преубав. Барем по мој вкус, нежен и благичок. На уста делува меко, убаво се размачува и што е најважно, мојава уста што е премногу осетлива и проблематична, ја негува и помалку ми распукува од ладново. Тие што уште се двоумите за лабело, баталете Нивеа, земете си го ова.
Rosal CITY PINK, овозможува хидратација и висок сјај на устата. Oстава розева нијанса по нанесувањето... Го користам две години и не би го заменала со друго .
Имам едно прашање: кое лабело од Нивеа од овие е најубаво? Значи сакам да остава малце розевка боја и да не биде како она Angel Star што има многу светки и после на устата ми се прават како бели линии-.-Најмногу ми го имаат фалено ова Pink Guava ама сакам и овде да прочитам мислења
Пинк гуава остава многу нежна и убава розе боја, без светки е и ми е следно на листа, само да го дотрошам витамин шејкот. Овие од вишна и јагода оставаат црвеникаво, а витамин шејк од малинки исто остава убава нијанса, ќе му дојде нешто измеѓу nude и розе, повеќе мава на розе.
Моментално користам лабело од еуро фарм,нивно производство и добро е со вкус на портокал.Инаку најзадоволна сум од лабелата на Росал.