Не, нема. Многу убаво мириса, бојата е океј - објаснив погоре и мислам дека ќе ти се допадне, ама сепак твое си е за кое ќе се одлучиш на крај.
Јас го користев пред некоја година и е пре преубаво! Да, цимет и портокал е, не остава боја, доволно хидрира и има преубав мирис Ако го најдете во некој од маркетиве кажувајте каде, да си го купам пак
Labello тешко дека ќе најдеш во Македонија,нема,јас никаде немам сретнато,кај нас Nivea,по лиценца мислам дека ги прави.
Моментално користам Еуцерин Ама позадоволна сум од Нивеа За испукани усни, ова најефикасно се покажа. Инаку другите од Нивеа, цреша, вишна итн. се исто убави, и преубаво мирисаат, ама за добивање боја на усните. Кога ми е испукана баш и не ми многу помагаат.
aбе не користам лабело за инает,и така нема кој да ме баци ,такада баш ми е гајле ако ми распука устата
Девојки дали некоја од вас случајно го има најдено ова лабело од Росал? Го барам веќе 2 недели и никаде го нема Ако некој знае каде се продава нека пише, ке му бидам многу благодарна