Пишав и порано за ова лабело,лимитирано издание,многу тешко,да не речам невозможно е да го најдеш,единствено повторно да го пуштат во продажба зимава,затоа што е зимско,цимет и портокал,барај го во некоја аптека каде што нема многу промет или им останало случајно.
И јас ова го имам. Многу ми се свиѓа бојата што ја остава, така светло црвеникава Инаку доста лабела сум пробала, највеќе нивеа и росал. Усните не ми се суви, па не обрнувам многу внимание како хидрира. Сакам овошни мириси и да остава барем малку боја!
Јас почнав да го користам Лабиал стик со мирис на гума за џвакање и мн. е убаво.(барем за сега)Мириса прекрасно и не ги прави барем за сега усните суви. Ќе го употребувам неколку дена па ќе видиме подетални резултати.
Моментално го користам овој од avon. Преубав е, кога го ставаш после 2-3 секунди почнува да лута и има вкус на ментол. За цената ич не ми текнува ама знам дека беше под 200 ден. Спојлер
Јас ги користам лабелата на Нивеа.До сега сите ги имам испробано,сите ми се убави а и многу убаво мирисаат...
Вакво купив сега. Сакав тоа од портокал и цимет ама не го најдов. А ова си е лабело ко лабело, ништо посебно, ај барем убаво мириса.
Најново што го купив е вакво. Не сум воопшто задоволна, има некоја грда розева боја, која грдо стои на устата и по некое време се собира и се лупи. Најзадоволна бев од лабелата со мед и млеко на нивеа: Ја хидрира устата и ја прави необично мека. Мој фаворит!
Ова го купив летово, но го користам дури сега. Има овошен, сладолест мирис, омекнува, ама не е и нешто козјнае што. Ми се допаѓа единствено што не остава боја.