Најзадоволна сум од оваа марка на лабела , но за жал веќе 4 години ги нема кај нас во Македонија.Па затоа и ги нарачувам на братучетка ми од Србија....а додека ми стигнат си користам на Нивеа. Моментално го имам ова
Претходната зима и оваа, активно го користам ова лабело: Ги земав евтино во Кам, знам две за некоја ниска цена ги даваа. И од Галафарм користам лабело од ванила, се убив од барање на слика, ама пустото нема на google images никаква слика од нивните лабела. Сум користела милион лабела, зошто повеќе ги сакам од кармини и сјаеви. Од Авон со вишна, од Орифлејм тоа погоре во вид на кармин што е постирано, од Нивеа и Росал лип балм имам користено од мед и млеко, и тоа погоре со вишна што е, што ти доаѓа да го изедеш од што мириса прекрасно.
Женски, сте го виделе некаде лабелото, мислам дека беше на Росал - Disco Queen. Имаше многу цветки и мирисаше на кокос мислам, оставаше мноогу убав светкав сјај на усните, баш беше како карминче. Го има уште низ аптеки, маркети? Го немам видено никаде, па ако веќе го нема, препорачајте ми некое најслично на него.
Не знам дали некој погоре го спомнал, ама лабелото од галафарм од прополис прави чуда на испукана уста.... и е 40 денари! Чудо од лабело. Башка јас само ако имам испукана уста ставам лабело, за други работи, сјај или кармин си користам..
Само што сакав и јас да го спомнам а го имам спомнато и во други теми. И јас сум ептен задоволна од ова лабело. Тоа со прополис ми е најдобро, но и другите лабела од галафарма се многу добри а се со смесна цена ептен ефтини. За другиве не најдов слика па еве линкче од страната на Галафарм: http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=13
Користам лабело по неколку пати дневно едноставно зависна сум од него посебно зимно време, а кога купувам секогаш е Нивеа или Росал и задоволна сум и од двете, од Орифлејм и Авон имам пробано ама воопшто не ми помагаат, со исклучок на едно лабело од Орифлејм како кармин што е спакувано е тоа навистина хидратира и ми се допаѓа. И на Еуцерин исто е ефикасно ама не го користам зошто попривлечни ми се тие со убави мириси
Поарно користев на ЛипБалм и имав од чоколадо,мед и мелко и некое овошно,па потоа свртив на Нивеа,па на Галафарм ама многу ми ја испука устата а имам многу осетлива уста па денес си го купив ова и ми изгледа за убаво
Скоро сите на ЛипБалм ми се користени и сите се прекрасни. Ефикасни, плус прекрасно мирисаат. Во моментов ги имам Спојлер
Исто користам Лип Балм веќе 1 година , пре пре задоволна , најмногу го користам со Milk&Honey , најубаво мириса
http://www.fashion.hr/img/repository/20 ... elease.jpg за мене ова е незаменливо лабело . 4 години по ред го купувам , лесно се упива , и после едно ставање устата е мека и мазна .. едноставно предобро е
Го имам ова ама не сум баш задоволна. Фино ми е 10тина минути од кога ќе ставам, а после тоа мислам дека устата ми е многу посува.