Ќе ги шверцам на аеродром додека не решат НМ да отворат кај нас. Тука одеднаш застуди и јас без лабело се најдов, а низ сите продавници скапи ми се видоа. Ова го платив 3 евра и вредеше секој цент. Прво огромно е пакувањето, месец дена веќе го користам а никако не се намалува. Јас не сум љубител на ставање кармини, лабела, сјаеви со прст ама самата форма на кутијата е таква да можеш директно да ставиш. И плус мирисот е прекрасен, ванилест, само си го њушкам. Видов имаат донесено некој и со шумски вочки, не ми бегаат и тие. Ако имате шанса да си купите, не ми ја мислете.
Гледам повеќе ги негувате усните со вазелин Пошто овој период страшно ми пука устата нон стоп сум со лабела во рака и што се нема да пробам само да ги затворам кратериве на устата, па ај викам да пробам и јас со вазелин. Немам користено па ако сака некој нека предложи некоја марка од која е позадоволен за да знам што да барам и каде, да не купам нешто безвезе. На неколку места овој беше спомнат, па ако знае некоја феминка може да ми каже каде можам да го најдам Ако не ќе си купам пак лабелце, му фрлив око на она од балеа
И јас го меркав овај вазелинот, ја прашав една феминка и ми рече дека го купила од Тинекс, ама 100 грама околу 150тина денари, не ме фаќајте точно за збор. Можеби е квалитетен, но иди доста поскап во споредба со онај вазелинот во сино пакување од Зегин кој е околу 70тина денари.
Мене веќе ни Нивеата ни Росалот ми помагаат, устава ми е партали... Меркав некна едно Гарниер, искуство некој? 155 денари беше, ама ако тоа е спасот... Не можам вака, цело време со лабелото в рака, па и уште огледалце влечам, ми се собира во пукнатините на устата... Па само се бришам со палома. Уф. Павловиќева не ми помага исто, Бекутан ни малку, а Здраве ни на крај памет не ми е на уста да го ставам.
И јас со имав истиот проблем, устата како да ми стана презаситена од Nivea и Rosal лабелата, и ме се правеа како лушпи. Но, си земав лабело на Neutrogena од Тинекс 155 ден. и супер е, устата за три дена ми се среди, многу е хидрантно а нема некој посебен мирис или пак сјаj. Но за во зима за устата е спас.
Дефинитивно најдобро за испукани усни ми е лабелото на Еуцерин,некаде околу 120 денари мислам во Зегин. Моментално не ми се толку средени усните па ми помага и на Балеа од ДМ, околу 65 денари го земав.. Ама кога ми се испукани усните до толку да им нема спас..единствен лек ми е гореспоменатиот Еуцеринко - проверено 100% .
Сакам да си купам лабело за на скијање, па не сакам да експериментирам, ќе си купам Еуцерин и Неутрогена. Може некој да ми каже каде се најевтини?
леле катастрофа се балзамите од Авон,башка малецки да ги изедеш во еден залак,за истите пари ќе си земав од росал..
Јас ич не сум задоволна од Нивеа лабелцата во зима. Летно време си се шљакам со било какви. Само неоутрогена или еуцерин му е мајката ако е многу испукана. Спојлер Кога сум дома мешам шеќер малку со една капка мед и си правам пилинг на устата, и тек после лабело ставам. Меко, милина да ти е мерак да бацуваш
Јас без лабело не можам да живеам, се шлакам на секои 5 минути Последно го земав ова од Росал Го барав тоа црвеното од црешка што остава малку црвенко, ама го немаше, па ова го земав. Инаку, го имам користено и порано виолетовово, ама многу одамна, па сум го заборавила Ех, кога го мириснав, ми врати спомени од основно, жими се Сите другарки го имавме, заедно со она Pretty Girl со светките, исто на Росал Како и да е, убаво е, ми ја закрпи устава за една вечер (јас обавезно ставам лабело пред спиење ). Ми беше партал, нели поради времево, цела испукана, па ставив пред да си легнам. Кога станав, немаше ни трага од испуканост, устава ми беше мека и фина Го препорачувам
Јас користам од Nivea soft roses, прекрасно е. и вакво од Росал Ги препорачувам, секогаш користам лабело, за да не ми се распукаат усните Не се согласувам, баш од Нивеа се најубави, а и Росал се прекрасни.Сега имам едни две нови за полон и имам вкупно 4 лабелца, тие новите се прекрасни, а не е позната марка, всушност првпат гледам
Јас од ова сум презадоволна, малку е незгодно за ставање, но за два часа устата ко нова ми беше, и мириса преслатко а не остава на уста некое страшно непријатно чувство
160 денари од Скај Шоп, се наоѓа кај Песталоци, веројатно го има и онаму каде што се продаваат производи на Вазелин, во ДМ знам дека има Вазелин, ама не знам дали го има ова, јас сум презадоволна.