^^^вакви лабелца имам видено разни во тинекс ама малечки кутивчиња се нели? јас користам вазелин големо паковање од балеа 99ден е ...за усни, пети, брчки, раце итн итн е закон си имам претурено во помало кутивче и секaде си го носам..
Па не е баш мало колешке, поголемо е од малине горздеви масти, околу 4-5 см е во дијаметар, ти знаеш за што ти зборам мене ми се свиѓа ептен дека е со какао путер, и ми е лесно за ставање дека е поголемо, не мора да брцам со прсти, што ич не сакам.
Ангел - кажувај од каде го зеде и колку? Не сакам ни да прашам како мириса, претпоставувам фантазија е.
Не да е фантазија, го зедов од една продавница, Скај Шоп се вика и се наоѓа кај Песталоци, порано беше тоа Вегера, во уличката која од Ленинова скршнува накај Песталоци. 160 денари, мислам дека ќе потрае, со оглед на тоа што е 20 грама, не е малечко
Е да знаеш дека си порачав вакво и се надевам дека друшките мои ќе се снајдат. До душа, не ме интересира, само да ми го донесат. Читаво. А следно на листа ми е Нивеа чери или строубери. Сакам нешто што остава црвена боја, ама да не е кармин, зашто не си се допаѓам со кармин баш-баш. Дали дека не сум навикната да се гледам ваква, не знам. Затоа ќе си земам лабелце и ќе си се шлапам.
Го има или го нема во Космо??? Кај да си го купам на друго место освен во Скај Шоп, бидејќи не сум од Скопје Ах Ангел... ти си "виновна", не' подлажа со овој сладок вкус и сега сите во потрага по Vaseline
Зависи од кај си, да организираме Карго транспорт до сите градови во Македонија со Вазелин лабелца Се шалам, немаш некоја другарка да ти го набави? Или пак некој предновогодишен шопинг до Скопје
Во комшии сум (Куманово), не сум далеку .... и дефинитивно ќе дојдам во Скопје и ќе си купам. Баш ме подлажа, така да си знаеш
Не се лажи, клето е тоа црвеното, 4 години го трошам и не се дотрошува. Ете тоа, Нивеа чери. Колку дечковци сменив со него, и тоа јадно не знае. Мене искрено многу боја ми пушта и мораш по малку да ставаш, па седиш испонацрвен, мислиш на зимска мрсна слава одиш. Јас или Еуцерин или Неутрогена решив да купам, исто и крем за лице затоа што најново, имам лупешки на лицето и то мора да се среди афкорс. Само да стасам до Зегин и топ.
Дузенка, мене ми кажа оваа теткава во СкајШоп дека вазелинчево било убаво и за кожа, си викам е како не, ама па синоќа приметив дека од студот ми се излупила кожата помеѓу вегите и си ставив малку, ај викам да не има ефект стварно, и имаше, сега ќе си го купам и неутралниот вазелин, не овој со мирис на какао путер, малку ми е шубе дека. Решив, зимава морам да ја негувам малку повеќе кожата, дека порано во зима се запустував скроз, и дојде лето ја плачам и кукам од флеки, затоа вазелин крема за тело и лице и цела зима ќе се шлапам и не е скапа околу 300 денари пола литар е.
Ја дојдов да се пожалам од овие на Галафарм, се е океј, евтини се, лепо мирисаат, арно ама ефектот со нив не го гледам, не барам бог знае каква хидратација, ама па и на секои 5 минути да се шлакам - не иде. Онака, треба да ставиш 100 пати и на горна и долна усна за да осетиш дека имаш лабело, некоја заштита на усни. Ма и зимава ќе се снабдам со моите омилени Лип фит од Кам. Арно ама, ако сте виделе негде некое вакво на Лип фит, молам да ме известите, во Кам има само плаво со мирис на ванила. Не дека не е убаво и вкусно , ама сакам и другиве да ги испробам. За Витамин шејк гледам пофалби само, ако имате критики слободно споделете ги, да си ги земам и нив во предвид пред да го купам, оти не се баш евтинки овие на Нивеа. Kое е најубаво по мирис и остава скромна розе боичка? Леле нападнав со прашања, ама па има голем избор на нетов од лабелцава. Спојлер
Лил, Витамин шејк од малинка - дефинитивно. Спомнав пред некој пост, дека дури и дечко ми се заљуби во лабелово. И кога си носам кармин или од тоа со млеко и мед, веднаш коментира: А кај ти е тоа шареното што мириса убаво? Од тоа да си ставиш. Е, така и ти - од тоа да си купиш. Ако веќе си решена нели. Леле бре, Дузи, ме стави во мисла. Другарка една го има и нон стоп си става од него, нит црвен кармин става, нит никаков друг кармин, лабело, само со него си тера и преубаво изгледаат усните, таква нежна црвена боја, а мрсниов ефект не сум го приметила. Јас имав Росал чери на времето и стварно, многу бавно се трошеше, ама не беше такво мрсно. Ако не, Росал да си барам. Сакам црвено и точка.
А, бе, рачунај ова одамна е моево, нема веќе таква амбалажа Купи го и ти де, секако е 100тина денари, чим ти е мерак. Можда и зависи од уста до уста.
Устава лом ми беше, ни неутрогена ни балеа ни еуцерин, ма баш ништо не ми помогна. Ете така по малце ќе ми ја омекнат устата ама ништо посебно. Вчера цел ден си ставав обичен вазелин на уста, денес ако ми верувате ко нова ми е сега си претурив во мало кутивче од лаш лабело што ми беше истрошено и зимово само вазелин ќе си користам