Без лабело неможам да живеам,посебно во зима.Го купувам најефтиното,не е ни на росал ни од орифлејм ни незнам какво,туку едно обично од 40 ден.,од јагода и мн е убаво а и убаво мириса.
Не сум сигурна точно за цената, ланската зима беше одамна. Се ми стои во сеќавање дека е 65 денари, и тоа во вакво пакување како на сликата, со 2 лабела. Вчера не го најдов во тој КАМ во ГТЦ, ќе пробуричкам деновиве во овие другиве, па ќе ти кажам за сигурно, освен ако не го најдеш ти.
Јас денеска го купив на Еуцерин. Тоа лабелото го земав, 123 денари од Зегин. Имате и едно како во тубичка, Лип репер, тоа е 200 и нешто мислам. Кога прочитав дека нема никаков мирис и вкус, си викам, абе ајде, како може, мора барем на нешто да има вкус или да мириса. Ова верувајте, првпат се среќавам со работа која навистина нема ни мирис ни вкус. Не е мрсно, ама не е ни суво, некако... таман е. Се нашлапав уште кога испаднав од аптека, и афкорс, оттогаш веќе трети пат си ставам. Еднаш ми паднаа како белки, корувчиња, ама од пред 3-4 часа, до сега, има промена на устава. Не е веќе сува, не ме пече ако јадам нешто кисело или луто, се исчистија тие корувчиња... Мислам дека ќе ми помогне многу за 3-4 дена. Јас сум задоволна. Фала ви за препораките. Е сега, за лепе оче, т.е. лепе усне, ќе си земете некое на Росал/Нивеа со вкусови, јагоди и малини и слично...
Таман наидов на темава сега тргнав лабело да си купувам. На Неутогена го имам кремот за раце и просто совршен ми е па верувам дека и лабелото ќе биде исто толку добро колку и кремата, зошто за мојава уста ни гроздова маст не е лек
Препорачајте ми некое лабелце што мириса убаво, ама да не е овошно или од кокос.. Ааа и да не е мед и млеко бидејќи сум алергична на мед
Ова се трите лабелца што моментално ги користам и супер мирисаат. Доколку сакаш да не е овошно најдобро да го земеш првото или второто, е сега првото е со лимон, а второто е со питаја (dragon fruit), ама те уверувам дека мирисот и вкусот немаат ама баш никаква врска со овошјава. Првото за мене е сеуште најдобро лабело и помага за испукани усни, второто има интересен мирис, но помрсно е и не се задржува толку долго на усните, третото е многу слатко и освен сјај, остава и розеникава боја и мали светки. Патем има некоја заразена слика на странава, ми се вклучува антивирус кога ќе ја отворам.
A jaс барав Вазелинот што го пофали Сесилија, немаше, па на крај си зедов Росал од цреша, преубава боја им дава на усните, подолго трае, само сепак ставам и обичен вазелин зашто доста ми е испукана устата
Yes to carrots Lip Butter. Не сум нешто посебно задоволна,со оглед на парите кој што ги лупнав на малово Просечно можам да кажам,многу полошо а и многу поскапо од моето омилено Да ми се потроши ова,повторно му се враќам
Колку е лабелото од Неутрогена? Немора да е вакво како на сликава, општо колку се од неутрогена лабелата. И дали е убаво ова од Еуцерин?
Неутрогената е 155 ден. Мојата беше изгубена. Ја барав со недели и случајно вчера ја најдов во џебот на капутот.. Немате поима колку бев пресреќна. I was like..
Го купив поодамна од Балеа розевото сите што го фалите , ама мене ми е катастрофално. Јас сакам лабелото да хидратира а не само да се мачкам колу ради реда. Тоа ми е баш такво. Преска го барав Еуцеринот во аптека кај мене ама го немаше сакам тоа да го пробам , па ќе го земам деновиве.
Јас си го купив ова по долго размислување и сум задоволна колку хидрира,уште да беше на природна база инаку тоа што го баравте што го има во кам прееска го видов и кој сака може да си го набави цена незнам која му е