Огромна благодарност до Сесилија, зашто единствено таа извести низ некоја од темите дека и во Тинекс маркетите држат Vaseline производи. Се гледа која е домаќинката. Се шалам. Сесилија, фаќај ! Инаку, јас си го зедов тоа со мирис на кокос, кокосов путер - уатевр ит ис. 163 денари е тоа, а ми фати око и едно зеленко, со алое вера. Тоа зеленкото и имаше уште едно плаво - класик, беа по 153 денари. Пу! 10 денари поефтини. А тоа со роза го немаше и си го порачав да ми го купат. Не сум батко Ѓорѓија, неее ... Да се надополнам - многу ми е слично ова на Vaseline со оние нашиве, гроздова маст или како и да беа. Не ми текнува која фирма беше, ама сигурна сум дека имав помало, речиси на пола од тоа големото кутивче беа и имаше најразлични. Јас имав со мирис на портокал, ванила, а од кокос потрошив дури 3. И исто мирисаа, во целост! Се потсетив на старите добри времиња.
ЈАс последно го зедов на Росал-Мед и млеко ама не сум многу задоволна од истото,некако премногу брзо ми се суши устата и по една минута од нанесувањето како да немам ставено воопшто.Следниот пат ќе го земам тоа одVaseline,гледам ги препорачувате па белки ќе ми се погоди си велам
Илипили јас ти го препорачувам од галафарм тоа лабелцето со прополис. Евтинко е и многу омекнува усни Не остава боја и неутрално мириса. Јас често си го купувам и топло го препорачувам на сите
Да се самоцитирам. Имам некаков впечаток за лабелово дека само ги маскира проблемите, а не помага. Мислам дека само некаков силикон има во него, а нема нешто што ја навлажнува устата. На пример, се разбудив пред 2-3 дена со огромно корувче на десното ќоше од устата, првпат нешто такво да видам. А претходната вечер немав ставено од ова пред да си легнам, значи испаѓа дека ако не ставаш, ништо од бизнисот. Вчера исто немав ставено вечерта, и еве устата ме пече и ми е црвена помеѓу кожичките... и само што си откинав едно парченце, висеше апла и ми сметаше , пак ми се изнасобраа такви белки по цела уста. Добро е лабелово во смисла дека помага ако ставаш, ама проблемот не е решен на долгорочни стази. Потрагата продолжува....
^ Doozy пробај го тоа на Neutrogena, околу 150-160 денари е, јас сум многу задоволна од него. Исто така пред една година користев нешто како гроздова маст, Lipgal на Galafarm и бев изненадена од резултатите за смешна цена - 40-50 денари. Проблемот е тоа што треба нели со прст да се става, па неможев да го користам толку често бидејќи повеќе време поминував надвор од дома. Ти препорачувам да пробаш некое од овие две
Лабела имам многу од Нивеа од ЛипБалм од Росал највеќе купувам. Ги имам во различни бои, мириси и вкусови. Ако ви е испукана устата ВИ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ од Росал со млеко и мед во аптека го купувам. Не остава никаква боја ама го омекнува многу и многу сум задоволна од тоа за испукана уста
Јас истото го осетив, ако не ставаш цело време, ништо..... А и се согласувам со тоа дека нема ништо што ја навлажнува устата. Затоа пишав пред некое време дека повеќе ми се допаѓа Нивеа, она тегет пакување, без никаков посебен мирис и вкус. Многу ми помага. Проба ли такво ?
Да минат празнициве и ќе си купам Нивеа, тоа ако не помогне ќе земам на Неутрогена, па Гарниер е на список... веќе ќе почнам да си ги колекционирам.
Дузи, а да пробаш со оние на галафарм, дали од мед и млеко, дали овошните... И јас како тебе мака мачев и со нивеа и со росал и што ли уште не... и рекордно ги трошев, за 2 недели лабелце... Ама сега ова ми се погоди, дури и заборавив од кога ми е, сега треба веќе пак да си набавам
Дузи, а да пробаш да го најдеш ова ПЛ3, италијанско производство, не знам која му е цената кај нас и дали го има, ама би требало. Имам другарка која го користи, ептен проблематична е и она со лабелата и устата и ова е единственото што и помага. Распрашај се во аптеките, пошто и тука го нема во џиџимиџарниците, туку само во аптеките. Kelémata го произведува, PL3. Пиши што си направила
Не би можела да го замислам животот без лабело Значи мора да имам лабело да се шљакам на уста. Јас сум задоволна од овие лабелца.
http://ecx.images-amazon.com/images/I/217ERbTbEqL._AA300_.jpg Денеска го купив оваа. Мирисот не ми се допаѓа многу...како камилица и минт бомбона измешано. Позитивно е тоа што навистина ги прави усните меки и нежни како на бебе.
Користам росал лабело, блубери дрим, но имам приметено кога го ставам се е во ред мазни меки усни, но кога немам ништо на устата испукана ми е