Само од ментол мислам дека нема. Има нешто слично од нане и минерали. Го немам користено , но го имам мириснато и убаво, свежо мириса
Немам видено, ама ладно држи, не е баш пријатно и ги суши усните. Така знам од искуство имав еднаш од странство такво лабело.
Неколку дена веќе, од проста причина што заборавав, не ставав лабело. Ни Росал, ни Еуцерин, ни бутури... устата ми е подобра од кога било во изминатиов месец. Заприметив дека еднаш-двапати ставив од едно старо Нивеа, така да, јас ќе си го купам пак Нивеа. Наредно на список. Искрено ме разочара ова на Еуцерин, германско, медицинска козметика, бла бла, а партали вадев од устата.
Nivea синото го сакам највеќе.. ги мразам оние со мирис на јагода, слива, круша, лимон, малина.. демек убаво мирисале.. како да не.. И ги празам оние кои ако на пр. мириса на јагода да ти стане цела уста црвена Спојлер не велам дека ако ставиш со мирис на лимон ќе ти стане жолта
Јас моментално имам 4ри лабела и тоа сите ми се од Нивеа. Секогаш, по дифолт, одбирам лабело на Нивеа иако пред тоа сум тргнала да си го купам лабелото на Росал од мед и млеко. Но, уште не сум го купила, зошто овие опаковкиве на Нивеа ме залажуваат, па сега си ги прибирав работите низ дома, и ги собрав лабелцата на купче, па решив да пишам краток извештај, во врска со боја, хидратација и мирис на овие што ги имам јас. Па еве, подредени по ред почнувајќи од најстарото, па се‘ до најновото лабело, од денес: 1. Nivea Lip Balm Passion Fruit: Хидратација: 9/10 Боја: Нежно, темно розевко, слична како и бојата на опаковката. Толку темна боја се добива со повеќе нанесувања, едно по друго. Со едно нанесување се добива некоја посветла нијанса од опаковката. Мирис: Многу убав, како мастика од тие Bubble Gum. Ептен слатко мириса. Трајност: Задоволителна, како и секое лабело. Секако, не стои ако јадеш, пиеш итн. итн. според мене има доволна трајност, зошто јас ставам лабело на секој 15 максимум 30 минути. Спојлер 2. Nivea Lip Balm Fruity Shine- Cherry: Хидратација: многу слично со претходното лабело, 9/10 Боја: црвена, нежно црвена боја се добива со едно нанесување, а со повеќе нанесувања едно под руго се добива се‘ потемна црвена боја и баш поради таа причина мене лабело не ми се свиѓа зошто сметам дека црвен кармин не ми стои. Мирис: Цреша! Многу убав, долготраен мирис на цреша, кој е појак и од мастика. Многу пати ме прашале какви мастики џвакам, со мирис на цреша. Трајност:Потполно исто како горенапишаното. Спојлер 3. Nivea Lip balm Vitamin Shake, Cranberry & Raspberry: Хидратација: Многу убаво лабело, кое му давам 10 од 10 за хидратација, тоа е мое лично мислење, јас сум многу задоволна од тоа како ја хидрира устата и не дозволува да се лупи. Боја: Светло, нежно розево, ептен нежно речиси проѕирно. Многу си се обожавам кога ќе нанесам на усните малце течна пудра, па лабелцево, добивам некоја nude нијанса. Мирис: За разлика од претходните две, ова лабело мириса малце послабо. Исто има некој убав мирис, сличен на мастика (за џвакање, не за пиење! ). Трајност: -II- -II- -II- the same here. Спојлер 4. Nivea Lip Balm Soft Rose: Лабелово си го купив денеска, после безброј прочитани пофалби тука за него. Значи се заљубив на прв поглед. Прво и основно во мирисот, а после и во нежната нијанса која е речиси прозирна, што ја остава на усните, некоја убава мат нијанса. Го обожавам! Се плашам дека за некој ден пак ново ќе мора да си купам, зошто ете пред малце се намачкав по 100ти пат со лабелово. Спојлер
Социјалка лабелото на Галениус Сабајле тргнав накај локалниот супермаркет за да си купам лабело, и уз пат влегов во Стокомак. Гледам две лабела за 50 и некој денар Смешна цена, социјалка лабело ама не е лошо. Не е многу мрсно, ама пријатно ми делува на устата, не за друго, цел ден ставам од него. Единствено малце мирисот е чуден. Ништо неподносливо, ама чудно Може е само моето, од мед и млеко земав, имаше избор инаку Не е нешто посебно трајно ама тоа е, колку пари толку музика Ама барем нема да ти е криво за парите Еве ги лабелата http://www.galenius.com.mk/beCool_lip.htm
Јас моментално користам вакво. И отсега се ова ќе си го купувам, или евентуално ќе сменам вкус, али дефинитивно Нивеа ќе биде.
Oтсекогаш купував само нивеа. Вчера немаше и го зедов од Росал лабелото со мед и млеко. Скептична бев зошто ми се чини на форумов читав доста негативни коментари ама сега потполно сменив мислење. Лабелово е предобро. Имам голема уста и често ми пука или ми се прават корупки, но само два дена го користам и устата ми е супер мека и без корупки и она што највеќе го мразам бели остатоци како насобрана кожа. Убав мирис ми има а безбојно е. Ете така од сега па натака си знам кое дава најдобра заштита
Купив едно лабело на Балеа.Убаво хидратира но,има за мене многу одбивен мирис на загорено чоколадо Неможам да го поднесам.Не би го купила повторно.
Имам повејќе, ама неможам да барам од сите слики. Повејќето од нивеа ми се и мислам дека се најубави, тоа во средината на сликата го користам моментално
Го сакам ова Иначе го користам на росал cherry lady и убавко ми е ми се свиѓа бојата која ја остава а исто така и мириса многу убаво
Го користам ова моментално, одличен е за хидратација на усните, единствено не ми се допага бојата која ја остава, некако ептен ми е црвена.
Јас монментално користам вакво добро е само што бојата му е многу јака ептен црвени ми ги прави усните