најмногу ги користам на росал многу убаво ми мириса тој што е од цреша иако пушта малку црвенкаста боја а моментално го користам тоа што е од боровница и многу е убаво таман е за сега за зимава кога ми испукува устата.
Имав јас едно време од кокос, BeCool мислам дека беше, одат по две во пакување. Цената мислам дека беше накај 100 денари, не знам точно. Го зедов од СП маркет, мирисот е прекрасен, а помага и за испукани усни.
Моментално ги имам овие две И двете се убави а посебно при срце ми е второто за брзо време ги мазни испуканите усни.Многу си ги сакам
Го земав јас вчера тоа на Nivea-Vitamin shake и сега за сега добро е.Иако пишува дека остава боја,не е точно,остава само сјај.
Овие две се одлични а ова ем грдо мириса, ем устата повеќе ја суши отколку што ја омекнува, никакво е
Oва лабело е најубавото што го имам пробано, остава дебел слој на усните и не мора да се мачка на секои 5 мин. Да го потрошам тоа што го имам ќе си земам пак вакво.
Моментално го користам од Rosal-So natural и убаво е задоволна сум. Преубаво лабело е Labello ,порано го наоѓав тука,сега веќе не можам да пронајдам такво,ако некоја од вас девојки знае,кажете ми .Презадоволна сум од тоа!
Го купив за 59 денари и не очекував голем ефект но дефинтивно алведре уште еднаш ме разубеди,им дава мекост на усните..
ги има ли овие лабела кај нас сакам да си го купам ова од чоколадо што е , има ли некој видено по маркетиве?
Едно време на темава го фалев лабелото на Неутрогена, си ги повлекувам зборовите. На почетокот ми изгледаше ок, но потоа... Мислам дека бетер ми ја направи устата Веќе незнам кое да го пробам. Повеќето на Росал и Нивеа не ми помагаат, само моментало изгледа дека е добро, за некоја минута го снемува и пак исто. Од Балеа тотално се разочарав, не очекував дека ќе биде такво, премногу е суво, единствено што ми се допаѓа е мирисот. Единствен спас ми е Вазелинот на Галафарм, но воопшто не е практичен. Подолго време поминувам надвор од дома и неможам да го користам. Како сте задоволни од тоа на Еуцерин? Некој предлог? Само да не е слично на Неутрогена, премногу лепи и многу суво изгледа.