Oва е лимитирано издание, заедно со лабелото со мирис на портокал и цимет и уште некое имаше чинам. Не знам дали ги има, јас ги немам видено. Би си купила и од чоколадново, иако не ми го прави толку меракот. Колку да има.
Ова вчера го купив,и убаво е,посебно мирисот И јас како јас,пак неможам да најдам слика,иначе е БиКул од јагода
Домашен балсам за усни Атмосферското загадување и промената на сезоните ги сушат усните и потребен е балсам кој ќе им ја врати мекоста. Со сосема ист ефект, но без хемиските додатоци, балсам за усни може да се направи и дома, со природни состојки. Еве неколку рецепти: Основен балсам за усни 2 мали лажички вазелин 1 мала лажичка пчелин восок (најдобро свежо собран) и 1 мала лажичка масло (бадемово, кокосово, рицинусово или сусамово). Загрејте го вазелинот, најдобро во микробранова печка или на тивок оган, најмногу 20-30 секунди. Додајде го пчелиниот восок и загревајте ја смесата уште 20-30 секунди, додека не се измешаат и двете состојки. Додајте го маслото и загревајте ја смесата уште 10-тина секунди. Балсамот чувајте го во кутивче со капаче (а може да го искористите и кутивчето од некој стар балсам). Балсам за усни со вкус На основниот балсам за усни може да му додадете вкус по личен избор на тој начин што ќе го изберете омиленото есенцијално масло (на пример, од пеперминт, лимон, ванила, лаванда, чајно дрво или друго) и ќе додадете од него во маслото што ќе го користите за основниот балсам и тоа во однос 1:10. Значи, ако користите есенцијално масло од лимон за вкус и бадемово масло за основниот балсам, тогаш треба да додадете 1 капка масло од лимон во 10 капки масло од бадем. Сѐ останато во рецептот останува исто. Балсам за усни со мед Во рецептот за основниот балсам за усни додајте една лажица мед. Така едноставно ќе добиете балсам за усни со мед. Балсам за усни во боја За да добиете балсам за усни во боја, во рецептот за основниот балсам додајте малку од вашиот омилен кармин. Ако сакате да добиете боја на природен начин, додајте малку суво цвекло во прав. Спојлер Превземено
Користам од Авон на Care. Неможам да најдам сликче, од јагода мислам беше. Убаво мириса а и доста мека ја прави устата.
Тоа со цимет и портокал го имаше во Македонија,пред година една ќе да беше Го имав купено,мирисот не беше нешто најнај,ама дека зима беше кога го купив,па од ладното ми пукаа усните,ќе ставев од лабелото и поразлично веднаш. Сега го немам сретнато кај нас,а тогаш го имаше скоро по сите поголеми маркети.
Со години си го користев Росал розевкото лабело и вчера си купувам ново и гледам ја смениле формулата. Ужас е ,лепливо,не се размачкува и ја затегнува устата,наместо да ја хидрира. Еве за ова лабело зборувам. Спојлер
Колку пари се лабелата на Nivea во Зегин аптеките? Конкретно за лабелото Nivea fruity shine strawberry прашвам...би ви била благодарна доколку ми одговори некој
Ако прашуваш дали ги има кај нас овие лабелава на Ниева,мислам дека ги има. Не мислам туку сигурна сум,ги имам среќавано по маркетите
Carmex мислам дека ги нема, а на Нивеа би требало да ги има сите 3. Провери во Веро, Тинекс, поснабдени маркети, и во ДМ исто.
Второто и третото ги има, а ова првото сигурна сум дека го нема. Ми личи на некое од limited edition, а кај нас таквите ретко ги носат, како по обичај.
Знам за на нивеа дека ги има второто и третото ама го барав првото и никаде до сега не го сретнав. Инаку да се откажам од овие на Carmex И тие убавите во кутивче на нивеа и лабело ги нема ли сеуште?
Устата ми беше ептен многу испукана и се намачкав и после некое време одма ми омекна,си се врати во нормална состојба
Досега имам користено преку 1000000 лабела,најсикрено,уште од мала(4-5)гофини учена сум на лабело на уста па на секоја минутка се шљакав,мајка ми ми купуваше прво секогаш на нивеа,од јагоди,од роза,од цреши,од вишни,абе од се.Потоа,кога почнав јас да си купувам,почнав да земам и од росал,убави беа и тие и скоро сите ги спробав исто како и од нивеа.По некое време почнав да користам и од гарние.Со путер,со каротен,црвени,зелени,золти,розеви сите ги испробав,па и тие ми здодеаа.Е некое време околу 12-13тина години,веќе намалив некое време со лабелата.Потоа пак му се вратив па до пред некоја година користев сјаеви од росал(на липбалм оние што се)за испакнувајне,за омекнувајне и од нив сите ги испробав и пак настапи период во кој не користев лабела.А откако се зачленив во авон,купував,купував и само купував лабела(од ању,едно безбојно имаше веќе го нема,па оние од кеир,па од нечрлс,и уште многу други сјаеви) што до секоро ги чував,а сега пред некоја недела,кога страшно ми испука устата и почна дури на горната усна,кај средината да ми тече крв,ми дојде ум(во зима,да не ставаш ништо на уста)почнав да ставам.Од домашната,,продавница,,на авон го зедов ова лабело со гроздови семки,за заштита,99 денари го купив јас,ама порано,веќе кажав погоре,сега е некаде околу 79 или така нешто,и убаво е омекнува,и не ми пука веќе устата,ми помина одма тоа уште по првото нанесување,одлично е.