Ниедно друго лабело не ми ги негува усните како ова: Ова е многу вкусно Во лето обавезно со заштитен фактор
моментално го користам ова лабело од орифлеим, ново ми и го користам само два дена, ама сум презадоволна
Женски го има лабелово кај нас и ако да колку е? И што е најбитно за мене дали мириса убаво? Или па ако некој користел на Неутрогена лабело да ми каже дали се убави и колку се Иначе сеа од тие што сум ги пробала најзадоволна сум од Нивеа,и имам испорбано многу вкусови ама Velvet Rose ми е стандарт,најубаво е некако
Најчесто ги користам од Rosal и задоволна сум,моментално го имам љиљаковото од боровница и ептен има убав мирис........а од Niveata не сум задоволна по 2 минути исто како ништо да не сум ставила
Моментално го користам на Нивеа и убаво е,а и мириса прекрасно а претходното што го имав беше на Росал од портокал и цимет,ах како мирисаше.Ми идеше да го изедам! И ова ми е ептен убавооо
^Овие во окргулестите опакофки се на Орфилејм така?Тие од карамела,чоколадо..? Кажи ми како си задоволна од нив?И колку се? Незнам ни еден дилер од Орфилејм,а многу сакам да си ги нарачам
Да да од Орифлејм се јас преку другарка ги имав порачано и сум мноооооогу задоволна најубаво ми мирисаат од ванила и чоколада..а сега моментално незнам колку пари се
Лабело ми е многу потребно поготово сега во зима,кога устата ми испукува од ладното време.Морааам да користам лабело,и имам пробано навистина многу лабела. Оние лабелата од Нивеа со вкус на јагода,цреша,така нешто многу оставаат боја,и премногу брзо се впиваат.Ги користев порано,но кога видов не ми помагаат на устата,ништо тогаш. Се префрлив на лабела од Нивеа,но некои како овие: Од ова сум најзадоволна,и моментално го користам ова,многу добро ја влажни и омекнува устата. Ова не е нешто посебно,слично е со Хидро,само што ова е потврдо и потешко впива. Од Росал сум задоволна само за мирисот и светкавиот сјај(бојата).Инаку не се баш лабела за помош на устата.Паралелно користев Росал Хидро Кеар и Нивеа Хидро Кеар и забележав многу подобри резултати од Нивеа. Затоа продолжив да си го користам тоа од Нивеа...Највеќе ми одговара мене.
Ги обожавам лабелата.Моментално го користам лабелото на НИВЕА со вкус на црешна и прекрасно ми делува на моите усни.Ги омекнува и облажува.Премногу сум задоволна. Исто така добри се и лабелата на ЛипБалм ама не сум од нив толку задоволна како што сум од НИВЕАТА
Лабелото кое моментално го користам, воедно и единственото лабело кое сум го купила два пати по ред: Само едно да ви кажам, вкусот нема врска со маслинки и лимон, но е прекрасен, а и ги омекнува усните
Сега имам и вакво на ЛипФит и баш ми е убаво, ми ја праи мека устата и повеќе се топи од тоа на ЛипБалм што го имам ми се чини, ама различни се не се истиот вкус и мирис, па затоа Следно што ќе си купам е лабело со вкус и мирис на кокос. Е такво нешто морам да имам!
Предлог за лабело со вкус на кокос? Ама да не остава бело ко ај да не кажам што да ми направиле на устата.
И јас барам такво, ама слабо...барав на интернет од Нивеа ги пребарав сите во ценовникот и немаше, и на ЛипБалм барав и на нет не сретнав...само ова го сретнав за само 1 долар онлајн е, ама кај нас не верувам да го има. Може треба да побараме во Парфимерии или поголемите маркети па сигурно ќе најдеме некое што не мора да е од Нивеа или ЛипБалм, мора да има!
Јас имав лабело од кокос и уште имам,се вика BeCool,од Галафарм е,мириса на кокос и има 30 СПФ. Многу беше ефтино,само во последно време го немам забележано.Побарајте во аптеките,мора да има останато Се надевам помогнав женски.
Ова најмногу ми помага за сува уста,а и плус ми се допаѓа што мириса нежно,ненападно и не остава никаква боја. По втор пат го купувам,и не верувам дека ќе го сменам.