Претходното го потрошив,мислам го стопив па го фрлив,и сега си имам ваков балсам со пчелин восок,кој е мултифункционален балсам(за усни,за заноктици или за груба кожа на лакти),ама јас во случајов го користам како балсам за усни.И кај што предобро мириса,па и преубаво ја омекнува устата,не е леплив,мислам лигав како некои,да тежи дури на уста,туку лесен е,пријатен.Го зедов јас 159,а сега незнам колку е.Има и со праска некој,ама го немам пробано тој.
Денес си го купив тоа на неутрогена,ве прочитав дека некоја водителка го коритела и се залетав одма И ненормално многу долго стои на уста, и преубаво мириса, за нега рано е да кажам Ама многу ретко се наоѓа бе, го превртев пола град дур го најдам. Влегов во Зегин и кога го побарав како чудно ме погледна таа фармацевтката како воопшто да не постои такво нешто. Е сеа го загледав ова во темава што марка е? Не можам да приметам, на боди шоп да не е? Многу е убаво кутивчето. И дали ги имате видено овие кај нас? Мислам мис го имаше постирано во темава Да не знае некоја колку е? Или пак тие на еуцерин?
Сакам да те прашам,кога веќе го имаш користено ова лабело,знам има и кармин ист ваков,на орифлеим,и ист е составот,само амбалажата сменета,или е различен од овој балсам? Редактирам за да поставам слика,да знаеш на кој мислам.
Имам пробано секакви, без лабело неможам, но Неутрогена и Гарниер црвеното ми се најубави, ептен ги оправуваат усните и траат што е битно
Да споделам дека во Тинекс лабелата на Labello се намалени на 99 денари. Јас си го земав ова А инаку ја читав претходно Мишела, за ова Спојлер дека и било тешко за ставање- ако не сакаш да го нанесуваш со прст тогаш нанесувај го со четка за кармин. Јас така правам, само морам да признаам дека веќе ми досади, многу е големо пакувањето, а јас речиси никогаш не купувам два пати исто лабело, па со душа чекам веќе да го дотрошам Инаку спомнавте и за овој оригинален Вазелин , го имам и него го користам за сувите делови на телото и не се споредува со тој на Галафарм. Точно, поскап е од него, околу 270 ден мислам дека беше, ама и дупло поголемо пакување е, и пак ќе кажам, многу поубав. Него го користев кога ми беше ептен испукана устата зимоска, и само од него не ми крвареше туку за кратко време стануваше мека.
Сесилија, сите лабела тако звани Labello се намалени ? И јас го имам истото што си го постирала, ама ми здосади па да си земев ново. Инаку, те послушав и пробав да го нанесувам така, ама и мене ми здосади. Плус, секогаш го носам во ташна, а да м'кнам и четкиче (макар било малечко) - не можам. Кај носам триста работи низ ташна, па и ова да го барам на пример низ гужви во автобус или во предавална, било каде. Ми се смачи, сакам вакво на вртење и ќе си купам некое најверојатно.
Мишела, мислам дека сите беа 99 денари, не само ова. А Кики, во Тинекс го купив, од таму ми се и другите производи од брендот Вазелин.
https://www.google.com/search?q=labello ... 200%3B1073 лабело дефенитивно ми се најубави, а посебно со мед и млеко
Сега го користам на Balea -Juicy orange. Убав мирис на портокал, добро хидрира, но амбалажата ми е ептен непрактична. Го нанесувам со прст, па некако ми се масти кутивчето, па не можам да го отворам... Дефинитивно, лабело во вакво пакување повеќе не купувам.
Да,мелку е потешко да се става вакво лабело,ама не е до толку,мислам јас би купила ако е убаво лабелото,и јас имам сеуште го користам горенаведеното на авон,ама си го одржувам,го чистам и внимавам со какви раце нанесувам(мислам нормално ова де) И сакав да прашам дали некој го има пробано третманот за усни со мед на кеир линијата на авон?Како сјај е,во тубичка е.?