Може ли да ми кажете каков мирис има ова лабело и шо остава на устата боја(не верувам), сјај?? Спојлер Ако може да одговорите побрзо, нестрплива сум да чекам!
^ Мене лично лабелата на Галафарм ми се многу суви. Имаат ниска цена, ама џабе - хидратацијата им е на најниско можно ниво. Убаво мирисаат и не оставаат никаква боја, ако можам ова да го издвојам како плус. Немам некои проблеми со усните за да зборувам дали и колку помагаат при испукани или пресуви усни, ама ми имаат оставено лош впечаток. И по нанесувањето го чувствувам лабелото некако тешко на усните. Не ми се допаѓаат мене. Нивеа Витамин шејк остава бледорозеникава боја и доста солидно лабелце е, јас го користев долг период, сега си се префрлив на хидрокер - докажано најдобро и најефикасно. Барем за мене.
^ Благодарам за одговорот Mishela ___________________________________________________ Јас конечно се одлучив да го сменам ова нешто oд Dr. Forster. До сега имам одлични резултати и не би го менувала, но секоја промена е добра, колку да не се навикнам на толкава хидратација и потхранување бидејќи тоа и го прави. Сакав да земам од Rosal но со оглед на тоа што претходно имав користено и задоволна сум освен во делот дека кога престанав да го користам, усните ми се оштетуваа доколку не нанесев одново. Од тоа забележав дека всушност балсамот создал зависност и се помачив додека да се одвикнам. Се мислам и некое од овие да си земам бидејќи што и да имам користено од овие колекции, секогаш ми се погодило, дури и да не било погодно за мојата кожа (во стил, како да не го користам путерот од маслинка кога толку убаво мириса ). Или евентулно оние на Ziaja. Ама веројатно ќе биде некој од овие од сликава... Спојлер (Линкче до страната за поголема прегледност) https://www.facebook.com/photo.php?..._474858245882104_204148601_n.jpg&size=960,483
Јас го имам користено и многу помага при сува уста. Устата ми стана како на бебе. Мирисот не ми се допадна и не оставаше ништо на устата(малку сјај)
мене ми е важно да е хидратирачко, не ми се бендисуваат баш оние миризливите. Oва последно си го земав, супер е!
Поубаво нешто немам користено. Значи се заљубив комплетно, има висока хидратација, останува многу долго и најдоброто од се’-мирисот. Не се опишува, толку бев зачудена и од самото тоа дека останува мирисот долго со часови да мириса на устата. Незнам, за мене ова е совршено, цело време и го порачувам на братучетка ми да ми го праќа од Америка, таму живее она. Штета огромна што ги нема овие кај нас, не се споредуваат со лабелата, имаат многу поголем и подобар ефект. За ништо не го менувам. Но да не забораам да го кажам и од The Body Shop, Born Lippy Raspberry. Преубаво мириса и одлично ги хидратира усните, долго трае и има многу избор на мирис. Особено ми се допаднаа ова и чоколадното, но ова е ептен свежо и лесно, а многу многу хидратантно. Не беше воопшто скапо кога го купував од Германија, евро или две.
ова е моето ми го донесе една колешка од Амстердам и веке ми е пи крај - гледав дека ги има во тинех и за домашна употреба : го имам последното предобро е Спојлер изгледа нешто слично на ова
Го имам ова од Алверде и досега се покажало најсолидно за намената - опоравување на суви и испукани усни. Моите беа жива рана буквално, ова лабело од невен-џунџуле ги опорави за 3-4 дена сосем. А другите се очигледно за сјај и убав мирис, освен по некое од Росал што е ОК. Не сум задоволна од Нивеа воопшто, ниту од тие на Галафарм, ужасни. На почетокот бев задоволна од оригиналниот Вазелин, сега ми е одвратен, мрсен и не ми врши никаква функција, повеќе од пола кутивче го имам и не го користам. Ко зејтин да истураш на усните, беспотребно.
Дефинитивно нешто што ставам најмногу на уста е лабело. Незаменливо ми беше на Rosal - мед и млеко ама последно кога земав сфатив дека се изменети, одма приметив. И се разочарав, ама многу зашто бев буквално зависна од тоа и сега си барам замена за истото ама некако неможам да најдам. А Nivea имаат преголем избор ама не ги сакам зашто имаат многу сјај на нив и многу се мрсни, а тоа устата не ми го впива и буквално лабелото си стои на уста додека не се избрише само или додека јас не го изедам и исто како да не сум ставила ништо.