Ова многу ми се допага, а се мачка и на други места не е само за уста. Исто ми се допага и ова од Авон - Од нивеа воопшто не сум задоволна..
Ми заврши путерот за усни па сега морам да купам некое лабелце ама сакам да не биде многу мрсно.. Се мислам за Росал-мед и млеко .. Го имав од Нивеа тоа што е на горниов пост ^^ само од черешна и ОК беше оставаше малце боичка ама шознам
јас не користам лабело пошто не ми пука устата - пу пу пу да не ја подречам ептен ретко ставам, скоро ич.
Јас сум му верна на Не сум ни во план да го сменам. Имам користено секакви но сепак оние на база на вода хидратирачки, мед и млеко и камилица се најдобри, ги негуваат и измазнуваат усните без разлика на марката, од нивеа до лип балм и некои сосем непознати. А крајно сум незадоволна од оние кои оставаат боја зашто ја сушат устата и ја изразуваат испукноста и оние со нуд-нијанси исто така, те прават поблед и не дај боже да си со неиздепилирани надусници, на километар се познава, потенцираат негативности. И така нивеа МИНТ, фала ти што постоиш
Незнам зошто но мене тие лабелата од Нивеа особено овоѓните ми се најубави Хидратантни , оставаат некоја нежна боичка на усните, а не како некои лабела што оставаат бела боја или исчезнуваат по 2 мин...еве ова на сликата ми е едно од омилените..досега имам 4 ќе си правам колекција
Сакам да им препорачам на сите кои сакаат да имаат здрави мазни усни,посебно на оние како мене што знаат да си ја јадат кожата од усната и да им потече крв па да неможат да заздрават.. Ова лабело може е и машко не знам,на брат ми е ама јас му го користам сега ќе си купам за мене.. Rosal LipBalm се вика лабелово за 2 часа имаш потполно здрава усна.Сум забележала дека 24 часа ми стојат влажни усните од лабелово,навистина е многу добро.Кој ќе си го купи верувајте нема да зажали.
По којзнае колку време, наидов на ова од Орифлејм. Толку е нежно, мириса на бадем (како не, мене ми мириса на чоколада и ми доаѓа да го изедам). И дефинитивно има некоја убава формула, воопшто не го чувствувам на усните како тешко. Ко да се топи, ги навлажнува и стануваат мекани. И не остава глупави бели траги по усните по некое време, дури и ако нанесете нов слој по одредено време, по впивањето на првиот. А да, задолжително правам дакфејс за да со поуживам во мирисот на бадем, чоколада, што и да е - не дека обожавам дакфејс, скраја да е, ама дефинитивно не можам да му одолеам на бадемов.
Имам користено најразлични лабела за уста кои не ми помогнале.И јас како Mishela го издвојувам Tender Care (го имам тоа од кокос http://4.bp.blogspot.com/-keLDlM83eEo/U ... oconut.jpg до сите оние кои се двоумат дали да го порачат, топло им го препорачувам )