Моментално го користам ова лабело и сум задоволна,не само што убаво негува туку има и многу убав мирис
Го имам тој од ментол, го имав и од мед и млеко и можам да кажам дека се супер, не мора 90-100ден за Росал кога овие се по 40-50ден, а се еднакво добри. И не оставаат бели траги.
Јас го купив од зегин од Ѓорче, мислам дека 89 ден беше Ова е истото само што погорната слика е од новата амбалажа, инаку истото лабело е
Мене, дали од презаситеност, ама овие од росал престанаа да ми делуваат. Купив едно како балсам од Кам маркет, арно е, ама не доволно. Усните ми се опоравуваат само од Нивеа Софт кремот, ама па не можам секаде да го влечкам со мене и со крем да се рашљакавам кај ќе ми текне, а се случува некогаш цел ден да сум излезена од дома. Веќе неколку недели усните ми се партал! Чаре?
Hipica мене ми помага павловичева маст оргиналната, таа не само за уста за се помага и сум слушнала мед ако ставиш на устата помага, ма да незнам колку е точно
Стандард Нивеа, од калинка. Сладок мирис, супер сјај и ми ги омекнува усните ептен. Од Орифлејм - балсамот од ванила, совршено негува и мириса на пудинг, ммм...
Пробај го лабелото од Далтон. Јас тоа го користам и многу сум задоволна, брзо ги омекнува усните и има убав мирис. Омилено ми е тоа со мирис на ванила, а има и од јагода, цреша.. 210 денари е, го има во Еурофарм аптеките
Лабело за усни ставам редовно, посебно во зима затоа што ми пука устата од ладното. Иначе користам разни, но обично си купувам од аптека. Моментално имам едно од јагода, безбојно и многу убаво мириса, а најдобро е тоа што ми помога. Си имам купувано од Oriflame и мислам дека имам купено и од Nivea.
Мислам дека оној на лип балм темно синиот што е natural е најдобар за зима, ви го препорачувам , јас ставам по 4-5 пати на ден и мислам дека подобро нешто-здравје
Пред некој ден си се подновив со едно од росал ЅО natural и сум ептен задоволна,баш таков каков што сакав да не мириса некако посебно на некое си овошје и да не е во боја и со уве заштита е и со витамин а и е,сличен е на овој нивеа есентиал кер.Ептен е убав и пријатно мириса,го обожавам! И ќе заборавев ептен убаво ја омекнува устата и не дозволува да напука од студот