Јас дојдов да го пофалам Rosal Magic Glow Очекував да биде со поинаква структура,онака масна како тоа од мед и млеко што е ама има структура како кармините,дава убава боја и малку сјај а и преубаво мириса на калинка.Го земав 99 денари од Тинекс а може да се најде и за помалку/повеќе зависи од продавницата
Од на бензинска случајно ги начекав со братучетка ми и си купивме по едно, по 140ден. Јас го зедов потемното, а таа посветлото. Двете се мат, како кармин изгледаат. Бојата е иста како на амбалажата што е покажана. Немаат некој посебен мирис. Мене лично не ми се допаднаа, катастрофа ми беше. Ме привлече само амбалажата и дека е ново сакав да го пробам.
Секогаш ваквиве добри ствари ги нема кај нас Прееска бев во зегин да видам дали ги држат и ми рекоа дека никој не ги држи кај нас
Моментално имам две: едното е Rosal So Natural го купив од тинекс за 78 денари, а другото Lip Care од џамбо цената беше околу 70 денари од Rosal сум повеќе задоволна бидејќи одма ја омекнува устата и нема никаков јак мирис А другото лабело има мирис на цреша
Спојлер Ова остава црвена боја? Користев некое од цреша, оставаше боја само не ми текнува дали беше на нивеа или на росал.. Инаку денес купив од ова So natural на росал и е преубаво.
Ако обожаваш ванила ќе ти се допаѓа , Јас го имав но не ми се допаѓа бидејќи некако суво е не им дава влажност и мекост на усните . Ти препорачувам нешто од Нивеа или Роал да си земеш Па кажи ни какво си купила
Ги имам користено овие на Авон (не сум сигурна дали беше точно ова, но некое од овие) и јас не бев многу задоволна, како посуви се и не ги прават усните баш меки... Или можеби јас дека сум навикната на Росал па затоа очекував нешто слично...
Сестра ми го има млекото за тело од истава колекција, па ми се фалеше колку убаво мирисало. Би требало исто така и тоа да мириса, а како е кога ќе го стаиш незнам. Инаку јас си користам сега едно лабело што ми го препорача другарка, многу убаво, едно од најубавите што сум ги користела. Blistеx, така се вика, и колку што јас знам го има во многу мал број аптеки. Јас го земав од Веро, во таа аптека. Околу 170 ден. беше моето ама има многу видови за различен тип уста. Инаку, да ги пофалам, поубав и појак мирис од овие лабела јас немам пробано. Хидратантни се, а и долго трае мирисот. Ви го препорачувам да си го земете тие што ви треба ново лабелце.
Мене од Росал не ми се допаѓаат лабелата. Слабо ми држат, брзо ми се сушат и самата структура внатре не ми е убава.
Кое е најдобро лабело за испукани усни - Неутрогена, Еуцерин или Гарниер? Сакам стварно да ми ги заштити усните од пукање а и да има сјај.
Јас спас најдов во крем за брадаваци. Имав некои тестери ама многу ми се погодија. Усте меко за бацување. Еуцерин е добро додека не ти се засити усната, зависи колку ти се суши. Неутрогена е подолготрајно. За гарниер не знам.