Периодов го користев лабелото од Ванила од Авон. За 90 денари е добро, убаво ми ги омекна усниве ми беа доста испукани па ми ги излечи. Мирисот не е баш на ванила, ама ок е. Но, не ми се допаѓа што остава бело на усните . Следно ми е ова
Да и ова од орифлеим може да се користи за лакти и за заноктици,секако и за усни. Истото го имаш и во авон,во новиот декемврискиот каталог,и е 99 ден,многу е намалено,а 159 беше,а имаш со пчелин восок,со роза и сопраска и апмук.Тоа со пчелиниот восок,јас еве моментално го користам,за во зимски услови е навистина предобро,не ми се испукани усните воопшто и споро се троши. За овие од орифлеим неможам да ти кажам,зошто одамна ги немам користено,едно добри 3-4 години,ама за тоа розевото зборам(тоа го користев),овие мислам дека ги немаше,понови се,ама за ова од авон,можам само пофалби да дадам.
Добро ми звучи ова што го предлагаш на авон. Одамна не сум порачала ништо ниту од авон, ни од орифлејм. Па ајде сега ќе си порачам лабелце и тоа такво со пчеличен восок.
Последни ми се овие 2: Прилично се изненадив,по мое мислење лабелата што пуштаат боја не ми се којзнае што,ама ова лабело си вреди за парите,навлажнува и устата никако не пука и остава убава розева боја и има пријатен мирис. Ова лабело ми е послабо,ама ми има многу убав мирис ми се иде да го изедам,остава малку сјај и не навлажнува многу,за таа цена има и појаки лабела.
Универзалниот балзам на Oriflame е феноменален, како создаден е за нашиве ладни зими, се надевам дека ќе го има во новиот каталог за пак да си го порачам Исто и тој на Avon е многу добар, но јас сепак позадоволна бев со универзалниот. Морам да го пофалам и Juicy Orange путерот за усни од Balea, одличен е а чини само 80 денари
Го имам универзалниот балсам од Орифлејм-Cherry,дури сега почнав да го користам а го имав одамна земено и сум многу задоволна,го користам најчесто за усните но знам да ставам и околу ноктите и на лактите...многу ми ја омекнува кожата,преубав е.
http://www.google.com/imgres?sa=X&espv= ... =78&ty=131 го користев ова, и презадоволна сум. Не знам зашто го сменив и се зезнав
Тековниот каталог ми дојде под раце дури минатата недела и девојката не беше баш расположена да ми направи нарачка, веројатно бидејќи имав и релативно мала сума на порачка, околу 400 ден (го сакав комплетот шампон и регенератор со косос и балсамот) па не и се исплатеше. За среќа викендов дознав случајно дека една познаничка станала дистрибутерка па се договоривме да ми го даде новиот каталог кој овие денови требал да излезе. Се надевам дека ке има убави предновогодишен попусти
Ова последно го купив,ја мазни и негува устата,ама ми се повраќа од него,па и го дадов на мама Сега некое од овие ќе си земам најубави ми се.