Одлично е! Откако ќе го пробаш после нема да сакаш да го смениш Исто да знаеш дека, иако пакувањето е мало, долго ќе ти трае зошто доволно е еднаш да ги намачкаш усните со него и после со саати си мирна
Преубаво е,ги омекнува усните и ќе ти трае многу долго.Јас го користам и за други места,каде што имам потреба.
Јас го земав од Тинекс, Карпош 2 Го имам користено ама мене не ми се нешто посебно овие за уста ми се подобри некои лабела, а убави се ако некаде ти е погруба кожата како лишаи или слично имам ставано од ова од орифлејм и ми помогна
Не сакам ефтини лабела, ми се чини дека не држат многу, но ме заинтересираа оние од Фитофарм или Галафарм ако ви текнува... Какви се ?
^ Мене ми се премногу тврди, барем таков впечаток ми остави моето и кратко по нанесувањето не гo ни чувствував на усни. Имав со мирис на јагода, кое навистина мирисаше преубаво, но воопшто не ги негуваше усните. А преефтино беше, мислам дека го купив 50-тина денари ама џабе. Галафарм, вакво им е пакувањето.
Јас сум најзадоволна од лабелото на Еуцерин, тоа течното во тубичка, многу убаво ги негува. Исто така и лабелото на Blistex што доаѓа во кутивче, со екстракт од маслинки (ова второто не знам дали го има во МК). Како и да е, и двете се одлични.
Оваа што го има постирано Мишела е од прополис и е преубаво, бар јас сум задоволна. Никогаш не сум била задоволна од овошни лабела, секогаш преферирам да се од шеа, мед, камилица, бадем и сл., па ништо чудно тоа од јагода да не чини, но оваа е мн убаво има убав нежен мирис, ги негува усните одлично, не е премрсно, така да купи си го не му се мисли
Редовно користам лабело за усни.Љубител сум на лабелата на Нивеа и тоа Hydro Care.Имам многу сува уста,потребна ми е добра и подолга хидратација,па ова ми одговара
Дојдов да си ја испофалам мојата нова љубов. Тадаммм!! Попрекрасно нешто немам пробано значи.Во овие зимски денови устата ми е прачиња,жива катастофа,се си мислам дека ќе ми падне.Но,ова малечко ѕверче за еден ден ми ги реши сите проблеми.Имам неверојатно мека уста,што не памтам дали некогаш сум имала поубава.Има многу убав мирис и е безбојно. Ако имате проблеми со испукана уста ви го препорачувам,затоа што сум презадоволна. Имам користено и сеуште користам од овошните лабела на Росал и Нивеа,и можам да кажам дека не ми помагаат воопшто,кога устата ми е испукана.Освен за боја и мирис за ништо друго не ги бива. едно време ова ми беше добро ми го омекнуваше усните,но сега не... Иначе во тековниот каталог на Орифлејм видов нешто многу интересно што многу ме привлече и мирисот а и состојките што ги содржи. за ова ви зборувам.Едвај чекам да ми стигне,па да видам дали е толку добро,или пак ќе ме разочара Ама како и да е ќе пишам тука
Стварно е моќно!Премногу сум задоволна!Да се намачкам еднаш ми е доволно за цел ден хидратација...Усните се тоооолку меки,мазни па и колку убаво мириса чудово!Го обожавам!
ова почнав да го користам, според мене е одлично, бидејќи јас не сум голем љубител на кармини купувам лабела со малку боја, ова ем дава црвенкаста боја на устата ем штити од испукување.
Сега-засега имам вакво лабело,многу е убаво,ем помага ем убаво мириса...Планирам кога ќе се потроши да сменат лабело со поинаков мирис,ова веќе ми здосади.
^ Oва е универзалниот вазелин од Орифлејм, го има во неколку мириси и со цената зависи кога како - почесто е на некоја промотивна цена па ако имаш среќа да го начекаш топло ти го препорачувам. Јас го имам тоа со мирис на бадем и премногу сум задоволна.