^ Поинакви се од овие нивеа, росал и другите слични на нив. Мене ми се допаѓаат. Имаат прекрасен мирис што едвај издржувам да не го изедам. Усните ги прават неверојатно меки, а и даваат добра боја.
Tender Care балсамот од Орифлејм, ама го нема во секој каталог Иначе и јас цел живот барам лабело со мирис на косос
добро во кое ДМ видовте baby lips лабела? Барав на битпазар, гтц, беко и немаше ништо вакво? За тие на Мејбилин мислите така??
Го добив. Прекрасно е, немам зборови. Искрено не очекував толку убав мирис, мириса ептен јако на лубеница, плус благо е, пробав. Не остава боја, тоа ми се допаѓа многу и плус ги правни усните меки и трае многу. Се исплаќа за парите, дури и малку пари се тоа за ваков ефект.
Во тековниот каталог на Орифлејм има супер понуда - 2 универзални балзами по цена од 129 ден Може да се бира меѓу класичниот, тој што е со мирис на бадем и тој со мирис на кокос
Ви го претставувам откритието на векот : Случајно го добив ова кога бев во Универзална на Златна бубамара, а во аптека никогаш не би ми текнало да го купам зашто се лажам по секакви шарени лабела, ама ова дефинитивно вреди да се проба.Има некој неутрален, благ мирис и е доста мрсно ама прави чуда.
Ммммм супер е за пролетва. Има убав мирис, освежителен, нежен, усните се меки и сочни. Лабело од праска. (Го има и од диња)
А каде може да се најде и која цена е??? Порано го имаше во Јуник ама нели не постои веќе па не сум го сретнала
Аааа не сум знаела за овие од праска, лубеница, диња. Јас користев на Нивеа од вишна или јагода, за да ми дава розевкаста/црвенкаста нијанса на усните. И последно го купив новото на Росал виолетовото, Violet Touch. Не е лошо ама можам да кажам дека воопшто не личи на лабело (дури и обликот му е како на кармин, а не како останатите лабела), многу е суво и многу виолетово интензивна боја дава. Мене ме нервира што не остануваат влажни усните. Но за оние кои немаат суви усни а сакаат боја, им го препорачувам.
Моментално го користам ова, и не сум нешто фасцинирана.Не остава влажно на усните, суво ми е малку. Инаку барам препорака за некое лабелце со ванила или чоколадо? Ванилата ја обожавам, а чоколадово ќе ме заситува со мирисот коа ќе помислам на благо.