Јас овој пат се одлучив за ова од Балеа. Некако највќе ме привлече со опаковката и со тоа „лимитед едишн“. Со душа чекам да го отворам и да го пробам, старото ми е при крај.
Ова од чоколадо го имам и има многу јак мирис(само јас не го користам дека не ми се допаѓа мирис на чоколадо,не знам ни зошто го купив ).А иначе околу 100 ден. беше..
BelieberYeahh, во кое ДМ го купи? Го бркам скоро година тоа лебело, од таа колекција само гелот за туширање го начекав
Бидејќи од сите балсами кои досега ги користев не сум баш задоволна (Rosal, Nivea, Oriflame, Blistex и други, по кратко време како ништо да не сум ставила), решив да купам Eucerin или Neutrogena. Ме интересира каков мирис имаат, дали се помрсни и колку им е цената?
Не се опишува, мора да се почувствува тој благодет на усните. Ако ме тераат со нешто да го споредам би го споредила со бакнеж, ете толку е убаво. После бакнеж и чоколадо најубаво нешто на уста е ова!
Повеќето ги имам пробано, росал, нивеа, лабело...и ниту едно особено мерак не ми прави, се нешто фали, јас сакам и да ги негува усните и убаво да мириса и убаво да изгледа, се у едно али од кога го најдов алоето (т.е мајка ми го најде) не го менувам за ништо, трето или четврто ми е по ред. Не се шлапа пола од него на едно ставање, малку се става, омекнува, преубаво мириса дава минимален сјај и трае дооолго на уста што ми е битно. Мене ми е совршен.
Сакав лабело што дава сјај и боја на усните а и исто така да ги омекнува и + да има убав мирис. Го пронајдов. Лабелото од цреша, од росал. Прекрасно е. Има прекрасна розова/црвена боја и ги прави усните меки. Бојата трае многу време, како кармин да имаш ставено. А и голем плус има тоа што не ми ја суши устата, бидејќи повеќето лаебла тоа го прават. Ова е совршенство.
Го имам и јас истото (aloe lips), го добив на подарок но немам некои посебни импресии од него. Во почетокот мислев дека е солидно, но со подолготрајно користење забележав дека ако не ставиш повеќе време од него, ти се сушат усните и предизвикува непријатно чувство. Односно, ти ги прави усните зависни на него. За секого е различно Hipica се порачува преку претставници на FLP (forever living products) и е со цена околу 150ден.
Hipica не знаев од каде се набавува дека мајка ми преку пријателка го купи, ете омниа беше побрза. Незнам за каква сувост омниа мислиш, јас навечер пред легнување кога си го третирам лицето обавезно на крај ставам од алоето и сабајле кога ќе се разбудам устата ми е толку мрсничка дури и отповеќе што дури смета Јас навикната сум лабело ко лабело, дека не остава боја, ставам по многу, од ова ептен малце треба и држи доста долго. Али навистина се си е индивидуално, треба да се проба.
Мајка ми ми го зела лабелцево,некоја го има користено да ми каже дали е добро? Гледам тука пишува со витамини А и Е,па ме заинтересира.
Овој вазелин од орифлејм е најдобар за уста.. долго време го користам и незаменлив е ..и има од различни мириси,на боровница,кокос,бадем,неутрален без никаков мирис,од цреша итн..