Лабело за усни? Колку..хммм....чуден назив на тема имајки предвид дека Labello е бренд сам по себе, вид балсам за усни исто како и илјадници други.
Еве излезе јас прва да кажам штотуку ми купија едно, од тие обичните без боја. Ќе ми го донесат дури следната недела, па можам само да кажам дека цената му е 129 денари, а за квалитетот подоцна.
Второто и последното од лево ги имам. Нив најмногу ги фалеа и нив ги купив. Многу се фини, да. Не се суви воопшто. Напротив, доста се мрсни. Розевкото остава убава боја, а синото е баш хидратнтно и безбојно.
И јас си купив од овие Baby Lips ,го барав розевото ама го немаше па го купив портокаловото cherry me,преубаво е стварно
Гледам никоја не го пофали новото од Росал, флеш нјуд. Ги имам претходните две од колекцијата, па кога го видов и ова- морав да го купам . Задоволна сум многу од нијансата. Цена: околу 130 денари во Тинекс. Леле сега кога барав слика од лабелото, видов дека имаат и црвено, а јас не знаев . Мора и ова да се набави.
Устава ме умира. Ниту едно лабело досега не ми беше по мерка. Пука, отекува, пече, боли. Може некој предлог за медицинско лабело кое навистина ќе ми помогне?
Околу 150 ден е во аптека, мислам дека го нема по маркетите. Нема да зажалиш ако го пробаш, навистина помага Исто порачај го универзалниот балзам од Орифлејм, одличен е ама го нема во секој каталог.
Ги препорачувам балзамите за усни од Орифлејм. Хидратантни се и ги оставаат усните меки, но пакувањето е малку непрактично. Не се баш ефтини, но често се на попуст. Јас имам два балзама, и двата ги земав на попуст, од кокос и бадем. Би купила уште некој вкус.