Нивеа светло плаво нешто hydro care мислам дека пишуваше-тоа ми е најдобро но неможам да го најдам пак.
^ Го има, го има. Во ДМ обично секогаш го има, а и низ Тинекс ретко кога да го немале на лагер. Така ти се погодило можеби. И мене ми е омилено, кога го начекувам си земам добри залихи, може се погодило после мене да си го барала лабелово. Инаку, Бејби липс ништо посебно, барем според мојот заклучок. Најдобри лабела моментално на пазарот - мижи Асан да ти баам работава. Убави се за да аздисуваат тинејџерките по нив, а дека се нешто тоолку посебно, не се. Видиш што ти прави добра реклама и фенси амбалажа. Алверде жолтото од невен на пример, многу подобро ми ги негува усните отколку оние неколку Бејби липс што ги купивме со мајка ми чисто онака, од „тинејџерски“ аздис.
http://2.bp.blogspot.com/-MrDy5t7n5hI/U ... y+tube.JPG Нема некој мирис, ниту пак остава боја, ама хидратација 10ка
Купив од Бејби Липс и јас прегеска она PeachKiss ама ич не ме бендисува мирисот. Ми ги омекна усните и се тоа ама мирисов уф...... Сакав да купам како ова погоре или од розевото со жолти букви. Знае некој кај има било кое од тие две? (Инаку, моето го купив од ДМ во Тетово ама таму немаше ни такво ни такво)
Спојлер Ако барате нешто за хидратација ова никако не ви го препорачувам но ако барате нешто што остава боја, врши работа. Текстурата му е иста како кармин, има розевкаста боја која не е многу забележлива само со едно нанесување па за на училиште мене со еднаш ми е топ.
Се сложувам со тебе за квалитетот на балсамите. Освен за усни,погодни се и за нанесување на други делови од телото (лактици,коленици,прсти) каде што кожата е сува или испукана.
Baby Lips - Нydrate Не е ништо посебно, можеби за нијанса подобро од Росал, според мене. Вчера го купив и жолтото, Intense Care. Се надевам како излегуваат нови колекции, така ќе ги увезуваат и кај нас. Можеби прашањево е глупо, но сепак јас да си прашам. Каде пишува рок на траење? Барам барам и никако да најдам.
Моментално го користам тоа синото. Обично е, нема никаков мирис ама устата ја прави препрепремека. И не само површински, туку и внатрешно навлегува и ја хидрира устата, а не на површина да стои како зејтин да сум ставила. Го имав и розевото од малина и тоа исто ми делуваше и мириса како ниедно друго лабело што до сега сум го користела. Можам само да замислам ова од карамела како мириса. Уф. Манијак сум за лабела, нема кое не сум го пробала. Само уште да ги донесеа овие и кај нас. Не знам зошто ги нема. Плус за мене е и што многу долго траат. Тоа од малина јас го користев точно шест месеци. А ставав секој ден по 30 пати. Без лабело не можам. Зависна сум. Ги препорачувам многу овие на Nivea. Кој има можност да си ги набави од надвор, нека не се мисли. Да можам уште ова на карамела да го купам или да го порачам по некого. Леле...
Мимс моите од Шведска се купени. Треба да ги има и тука во соседниве земји. Не знам зошто кај нас ги нема. Мислам дека околу 200 денари беа, така нешто, плус-минус 20, 30 денари. За нивни стандард преефтини, а и кај нас толку би биле да ги донесат, со оглед на тоа што имаат малку поголема грамажа од обичните.
^ Едвај чекам да ги донесат и кај нас. Ако ги донесат, сите вкусови ќе ги купам. На страната на лабело, пишува дека има вакви и од боровинки и кокос.
^ Кокос??? Е сега во срце директно ме погоди. Од кога барам убаво лабело од кокос. Многу се нервирам што сме назад за се'.
Путерот за усни од малина на Нивеа ми е непребол. А исто и она со ванила и макадамија, ти доаѓа да го изедеш од убавини. Кај нас сигурно ќе биде иста приказна како со Бејби липс, ќе ги донесат по некоја година откако ќе станат „демоде“ и Нивеа не извадат уште милион интересни и нови за кои ние овде ќе пуштаме лиги. Јас моите ги зедов од ДМ во Белград, на некоја акција беа и ми испаднаа околу 140-150 денари едно. Mногу се похидратантни од обичните лабела во стик, како мелем се на усните. Дури мислам дека ова е случај со сите вакви намази за усни спакувани во кутивчиња, сите ми биде многу подобри од класичните лабела, а најверојатно ги избегнувам заради непрактичниот начин на нанесување. Многу убава работа се, во секој случај.
Има на Галафарм маст и лабело од кокос. Јас имам маст, купена ми е од Зегин за некои 30-40 денари. Мене ми е супер , особено за преку зима.
Путерите на Нивеа од пред некое време ги има на iherb.com , за некои си 200 денари .Се израдував кога видов http://www.iherb.com/Nivea/Lip-Care