Тенќу за инфото. Си го земав јас друго од малина, и стварно прекрасно мириса. Моето ново омилено. Само некако не ми е во склоп на зимово глупо. Сега мед и млеко ми е топ, ама од пролет само овие ќе си ги зимам Ќе го грицнам од што е ммммм
Најчесто користам од Rosal и Nivea. И од двете сум презадоволна, од време на време си земам во различни бои за да не ми здосадат. Омилено ми е она обичното, исто така и она со мирис на млеко и мед, малина итн. Единствен спас во овие ладни денови.
Го има некој пробано лабелцево од Орифлејм? Ефтино е,ќе го порачам јас,ама би сакала да ми кажете како мириса,дали добро негува ? Би ви била благодарна
Јас го користев,убав нежен мирис има. Но,некако мене не ми стоеше доволно на уста,незнам..Ќе ставев и после 10 минути некако пак сува ми беше,и не го користам веќе и го дадов на сестра ми. Би ти препорачала некои од овие росал,нивеа што ги има низ маркетиве да си земеш,подобро Плус не се исплати за грамажата,стварно.
Обожавам да го користам лабелото на Garnier. Го открив пред неколку години и уште ми е незаменливо. Кoлку и да ми е испукана устата кога ќе ставам лабело за 15тина минути се опоравува и станува мазна.
Јас баш вчера си го земав на нивеа hidro care ова во средина, ама сеа го загледав ова првово на сликава што е, го има некој видено низ Скопјево?
Повеќе ми се допаѓаат лабелата на Росал од колку на Нивеа бидејќи се помеки и помрсни и на Нивеа се убави ама се потврди и посуви. Моменталмно го користам ROSAL-SHINE ON ME. Многу е убаво, не остава боја и има нежен убав мирис.
Јас си го зедов од Веро ама во Битола, па би требало и во Скопје да го има во Веро. Иначе презадоволна сум, устата ми ја прави мека и веќе го користам 1 година
Девојки да не знаете каде можам да го најдам ова лабело на Нивеа ?? Ептен убаво мириса ама цел град го пребарав и никаде го нема
Ах најубавото лабело. Го користев пред 3-4 години и последен пат кога бев во аптека да си земам жената ми кажа дека не го произведвале повеќе а можи и престанале да го увезваат па сега незнам. И досега никаде не сум го видела иако секогаш кога одам да си купам лабело се надевам дека ќе го најдам. За мирисот не треба ни да се коментира премногу убаво мириса. Уште си го чувам старото и понекогаш си го мирисам Некаде околу 150 мислам