Женски предлог за лабело од ванила? Не можам никако да си најдам, а обожавам се што е на база на ванила.
Мене класичното лабело на Росал ми мириса на ванила. Мислам дека нема ванила, со неакво друго масло беше, но мирисот навистина личи на ванила. Ако не најдеш, имај го тоа на ум.
Искрено го немам го користено ова лабело, но не се сомневам во квалитетот на Yves Rocher. А плус, како што видов на нивната страна, моментално е на попуст и чини 139 ден. Имаш и вакво во кутивче, но ова е поскапо и чини 234 ден.
Можеш да погледнеш и во каталогот на Авон има "Мултифункционален балзам за усни" за 99 ден. исто од ванила како што бараш, само во кутивче е, не е стик.
Моментално го користам ова лабело од Росал.Јас не го сакам мирисот на ванила.Но,има некој неутрален природен мирис што не ми пречи,а сепак хидратацијата во однос на другите лабала на Росал е најдобра, барем за мене.
Јас денеска си купив Babylips лабело,вакво: Слатко мириса,но јас сакав да си го земам Cherry me,портокаловото,но,ги нема лабелата во боја ги има само безбојните,барем така во мојот град. А,инаку баш сум задоволна,ми ја омекнува усната,но,не можам да речам дека е најдобро бидејќи дали 2 лабела сум користела во животот,така да...
Јас се залетав да го купам So Natural, но ги видов Бејби липс и го оставив за нареден пат. Според мене, најдобро од Rosal е Hydro Care, тоа најдолго се задржува на усните. Каде ги има лабелата од yves rocher?
^^ И јас купив babylips ова од ментол и така и мириса но не е пренападен мирисот. Што се однесува до самото лабело мене ми е супер ми ги омекнува усните и меки ги осеќам и отпосле. Не дека стварно седи 8 часа но далеку потрајно од другите лабела. Да го потрошам и ќе го пробам од алое
Би требало да ги има во нивните продавници, има една во ГТЦ а другата е во Скопје Сити Мол. Дали имаат продавници на друго место не знам, јас ги знам овие.
Изгледа само мене не ми се погоди Cherry Lady. Прочитав дека мириса убаво и дека остава црвеникава боја и го купив. Но, само што го отворив се разочарав од мирисот. Рокот на траење беше во ред, а не да мирисаше ужасно.
Денес купив од новите лабела на Росал. Се одлучив за Violet Touch.Со првото нанесување забележувам дека бојата не е многу интензивна, нема изразена хидратација,а усните добиваат мала пигментираност.Околу долготрајноста и негата се уште не можам да дадам мислење. За тие што не користат секојдневно кармин и не сакаат видно изразени усни, овој тип на лабело е доволна замена.Го земав 122 ден. со клуб картичка.
Јас денес си го земав Baby lips виолетовото , јас сум задоволна , остава нежна боја и дава добра хидратација
Јас го користам лабелово на Еуцерин моментално, и добро е ги оправа усните само што премногу некако ги осеќам затегнати не ми ги омекнува толку... Ова изгледа е за ептен ептен суви и испукани усни, а јас се залетав па го земав пошто ми го препорачаа. За тие што имате ваков проблем со усните и те како ќе ви помогне, јас да го дотрошам и нареден пат ќе си земам некое за омекнување и хидратација.
Mислам дека понекогаш ги има во оние големине А4 формат брошурчиња што им ги даваат само на представницине
Пробај го Melem, без разлика дали тоа во стик или во кутивче како гроздова маст. Неверојатно меки ги прави усните и за студените зимски денови е идеално. Она во кутивчето ми е за нијанса подобро, но можеби и си замислувам само. Дури ми врши работа и како подлога за мат кармини или кармини кои ми ја сушат и тормозат устата. Не познавам некоја која го користела, а била незадоволна.
Баш мислев да прашам за овие лабела, ги видов дека стигнале и кај нас. Имаат многу убава амбалажа, само сакав да прашам за мислење кое е најубаво ? Јас во маркетот го видов дека беше 115 денари...