^ Јас го пробав само синото Hydrate, и според мене е добро, не е којзнае што. За другите не знам да ти кажам, жолтото го купив, но сеуште не сум го отворила.
Во ДМ во Сити Мол се по 99, а во трговски и во Капитол мислам 120 или така нешто, другарка ми спомна. Јас го имам лилјавото и убаво ми е, остава некоја нежна месо боја + многу убаво ми мириса
Девојки, што мислите, дали ќе ги донесуваат оние лимитираните колекции од Бејби Липс кај нас? Со оглед на тоа што многу време чекавме да ја донесат регуларната колекција, не ми се верува дека ќе ги увезуваат и другите лимитирани колекции. Не знам точно на колку време излегува нова колекција, ама од старите лимитирани навистина има многу убави, на пример оние Електро Бејби Липс.
Конечно мои. Ептен ми се погодија,и бојата и структурата. Понатаму ќе си го земам и виолетовото,ама прво овие да ги потрошам. За сите што се мислат дали да купат,ви ги препорачувам.Оставаат прекрасна боја и добро хидратираат.
Користев Rosal,од ванила, ама сега еднаш купив од алое вера, и убаво е Каде можам да најдам Baby lips во Прилеп, и колку пари се?
Користам лабела од Нивеа,секогаш ми се погодуваат. Пред некое време ги купив Бејби липс розевото и портокаловото, и искрено не се како што очекував. Прво не се хидратантни воопшто, друго некако многу мрсни се, а и бојата не ми се свиѓа баш, единствено мирисот не им е лош.
Мајка ми кога ме виде пак со нови лабела, збесна. Иначе овие си ги купив: Baby lips mint fresh Rosal со мед и млеко И да ве известам дека во Прилеп во Тинекс има бејби липс..
^ И јас постојано купувам нови. Мене пак, другарка ми, ми се чуди зошто купувам толку многу. Моментално имам 3 отворени, по малку потрошени и 1 бејби липс, неотворено. А, сакам да си купам уште неколку нови. Да го потрошам синото од Бејби Липс, ќе купам некое од тие што оставаат боја.
СОВРШЕНСТВО! Незнам дали ги има овде во МК? Не сум сретнала никаде И лабелата на Farmasi се многу убави, моментално го користам од мед и млеко
Сите спобудалија по Бејби Липс, ама не ми се нешто препосебни. Оставаат боја (оние што се со боја), хидратираат онака, не нешто премногу, имаат интересна амбалажа и дизајн што ги прави атрактивни, и ништо повеќе од тоа. И јас си купив две, ама од Лабело ми се поубави.
И мене Бејби липс не ми се ништо посебно. Убави се онака ко карминчиња/сјај,затоа што оставаат убава боја. Инаку воопшто не ја негуваат устата. Виолетовото ми е најсимпатично.
Мене ми е омилено лабелото од Далтон со пчелин восок и мирис на ванила. Многу е хидратантно и устата мека како памук ми ја прави, а и прекрасно мириса Спојлер Не е многу добра сликава, едвај ја најдов, во живо поубаво изгледа https://www.facebook.com/dalton.mac...0318478354017/734145929971266/?type=3&theater
Имам пробано неколку врсти на лабело,но во последно време го користам ROSAL LipBalm-milk&honey и сега за сега сум презадоволна од него!