Конечно мое Текстурата му е преубава,исто боичката,мирисот не би ми бил прв избор но сепак ми се допаѓа. Наредно бејби липс дефинитивно ке ми е pink punch. Цц,каква мераклија сум,треба да си купам 10 други неопходни работи,јас наместо тоа си купувам бејби липс.
Драги феминки, дали некоја има користено од Росал, во црната амбалажа, што се лабелата? Ги има ли во Зегин и колку чинат?
Го купив заради бојата не заради нега, но и во негата се покажа доста добро. Бојата која ја остава е преубава, намерно да барав ваква боја немаше да најдам . Го користам секој ден, за дневен изглед ми е одлично. Со бојата што ја остава делува како кармин но е хидратантно и не ги суши усните. За мирисот да не коментирам сите знаеме дека мирисаат преслатко Ова е мојот продукт на годината! (најмногу поради бојата која ја остава)
Да го пофалам: Не е нешто посебно, како на пример од Орифлејм балзамите (кои според мене се ненадминливи), но негата е сосема солидна. Има и убав мирис.
Ги имам на бејби липс црвеното и розевото, и двете ми се свиѓаат, особено мирисот на розевото.. се заљубив
Јас го имам користено од Росал , morning rose, во црна амбалажа е го купив од тинекс околу 140ден , не се сеќавам баш Како кармин е, остава розева боја, го користам преку ден, а често и навечер за искачање
Јас ги пробав и Mорнинг Роуз и Виолет Тач. Од првото, розевото, не сум баш задоволна. Не знам дали беше до мене, но бојата ми се собираше во линиичките на усните, и не го користев многу. Се надевав и Виолет Тач да не биде такво, и не беше. Убаво се нанесува, има голема пигментација. Не би ги препорачала за нега. Наскоро ќе ги купам и останатите две, па ќе пишам мислење.
Пред некој ден го земав Violet Touch на Росал и можам да кажам само убави зборови за истото. Пошто не преферирам многу кармини, лабелава што оставаат боја ми се идеална замена. Што знам јас сум задоволна и од нега, убаво ми ги хидратира усните. Наредно сакам да го земам Coral Candy, ама според рецензиите што ги гледам некако бледа боја остава, повеќе е портокалава отколку корална Дали некоја девојка го има да каже какво е?
Garnier shine - никогаш повеќе! Не само што не ги хидратизира, туку уште повеќе ги суши усните.Треба да ставаш на 10 - тина минути и пак ќе биде ко ништо да не си ставила.Башка ги обојува усните бело, ако ставиш повеќе, ќе изгледаш ко на маскенбал.NEVERMORE!
Речиси сите од Росал ги имам користено. Најмногу сум задоволна од тоа од мед и млеко, исто така задоволна бев и од плавото Rosal So natural, и зеленото Rosal Sensitive. Ги имам користено и црвеното и розевото, но црвеното ме нервираше бидејќи ми оставаше многу црвено а јас сакав да не остава боја, а оваа розевото ме нервираше поради светките кои ги оставаше. И сега сум во потрага по ново лабело, па препорачајте ми некое што не остава боја и по можност да е од кокос, чоколадо или ванила.