Има ново лабело од Росал! Star Fruit Еве слика, второто. Јас го купив , но сe' уште не го пробав. Инаку, колку убаво би било и вакви да произведуваат, најдов некои сликички на интернет. Спојлер И да, да ве прашам. Ги имате ли сретнато овие некаде кај нас?
^Ovie dolu na slikata mislam deka se starite pakuvanja na Rosal. Seuste se sekavam deka imav takvi , sega se posareni i pointeresni.
Откако видов дека ги пофаливте лабелава отидов во продавница и си ги купив 1 и 5 и прекрасни се и двете оставаат преубаава боја и усните ги прават меки, потоа си го купив и 2 има преубава боја, и сега како што ги купив ги купив и сите во боја а другите не знам од што се ако може некој да ми каже зошто палнирам сите да си ги купам негативно е што немаат лаболо со црвена боја
@Butterfly-Girl па и не е баш ново (освен ако не мислеше дека за тебе е ново ), јас го имам уште од мај месец, баш се сеќавам дека кога го видов одма се попалив да го купам зашто тогаш баш беше и сезона на праски. И супер се погоди, убаво мириса и убаво се размачкува но некако не ми е многу долготрајно за разлика од другите лабелца на Labello.
Да да, сакав да кажам дека јас скоро си го купив Мене ова ми е супер, само што мирисот не ми се допаѓа баш, не сакам толку благи мириси Од Labello го имам и она црвеното, од цреша мислам беше
И јас го користев Labello Fruity Shine - Peach. Мирисот е како вистинска праска, а за бојата, што знам . Кај мене оставаше многу сјај, како и името , со нежен портокалов тон. А, Labello Fruit Shine - Watermelon, се чудам зошто не е црвено, туку розево, мене повеќе ми мириса на краставица, отколку на лубеница , а остава не многу темна розева боја. Ќе ги пробам и другите. Убаво би било да направат во повеќе вкусови на пример: лимон, портокал, јаболко...
Здраво девојки Моментално користам Baby Lips Имам сино и жолто.. Презадоволна сум Иначе, моето прашање е, каде можам да најдам лабела EOS (оние како топчиња)
Дојдов само за да напишам пофални зборови за лабелото.Конечно по долга потрага си најдов нешто што ќе мириса на ванила, и ете го.Супер е.Не само што има убав мирис туку и многу ги омекнува усните и трае.Исто така е евтино, 80 или 90 денари мама ми го зеде. Препорачувам.
http://www.vitacost.com/productResults.aspx?ntk=products&ss=1&NttSR=1&Ntt=eos На странава може да се нарача.
Ќе може ли некој да ми каже како мирисаат лабелава на Baby Lips..? Го купив зеленото без да прочитам дека е од ментол и се изглупирав, убаво е и хидрантно ама мирисот не можам да го поднесам изгледа зошто не поднесувам ич ментол. Сега сакам да го купам жолтото или виолетовото, убаво ли мирисаат?
Јас го користам единствено ова, многу сум задоволна. Ако уште некој бара лабело кое е безбојно и не остава многу сјај, а овозможува хидратација подолго време и после тоа не ја суши устата, препорачувам
Моментално ги користам овие две. Плавото е многу ефикасно и добро ја хидрира кожата. Црвеното во тој поглед не е нешто посебно, ама многу убаво мириса и има убава боја.
Најдобро лабело кое го имам користно досега е од Авон. Не очекував некоја посебна нега, со оглед на тоа што се разочарав од она што е во мала кутија. Но, го пробав за прв пат и се изненадив. Најдолго трае од сите. Ако го има во следниот каталог, повторно ќе го порачам. Доказ за трајноста: Ставив од лабелово пред да одам на училиште, и издржа повеќе од четири часа ( не школски ) . И кога се вратив дома, усните се' уште ми беа преубави. Така да, едно големо за лабелово.
Дали јас сум единствената што забележува разлика во текстурата на Baby lips? Најпрво го купив светло-розевото и не бев фасцинирана. Убаво мириса и бојата му е јака, ама од хидратација ни Х нема, како кармин да сум купила. А за подарок го добив Cherry me и се изненадив од тоа колку време стои и како ја хидратира устата.