Мене ова од Балеа ми е едно од омилените, чини 80-90 денари. Или класичното на Нивеа, тоа во плаво пакување, преубаво ми е. Поскапо е, не знам точно колку е, ама претпоставувам дека уште не му рипнала цената до 160 денари.
@happt.girl Било кое од Балеа да земеш мислам дека нема да погрешиш. Како безбојно и доста хидратантно ти го препорачувам ова
@HappyGirl:) Ја ги препорачувам овие: Според мене ова е најхидратантно од сите лабела на Росал. Има некој свеж мирис, мене ми се допаѓа. И ова има убав мирис и супер ги негува усните. Не остава боја.
Од досегашното мое искуство со лабела можам да кажам дека најзадоволна сум од Rosal Sensitive. Иако не користам многу лабела и не им сум голем фан, сепак си купувам по едно до две најмногу и ги корисам по потреба. Лабелово е супер, не остава боја, нема некој мирис онака баш идеално како за мене, наменето за подолготрајна хидратација на усните. А во моментов ми се лом испукани од ладново е сега не се делам од него, ама дури ми помине маката и после пак ги оставам до наредно видување. хехехе.
Ви благодарам на сите Се решив прво да го испробам лабелото на Balea, затоа што сум користела и други производи од Balea и навистина се супер Инаку, за тие што сакаат хидратантно лабело кое остава црвена боја, топло го препорачувам црвеното Baby Lips
Мене па погорново лабело ми ја суши устата после некое време (додуша имам и сува уста), а бојата се собира на едно место, на друго бледее (не, не ми е испукана, и покрај тоа што е сува) и друго, остава премногу сјај за мој вкус, што ми прави некоја одбивност. Fruity shine од нивеа мене ми е подобро во однос на бојата. Од Мејбилајн, го имам и она синото што хидрира, периодов ми е #1 од оние што ми се моткаат по дома, зашто не остава некој сјај, ја хидрира устата, не само моментално и привидно туку и после тргање на оној горен слој (што се случува нели, после 5 минути од нанесување на лабелото, а кој на денешницава има време на секои 5 минути да се шлапа) устата останува мека и се уште трае тоа чувство на хидрираност. Туку, сакав и да прашам, ова grape vine го имате видено некаде? Секаде кај што имам видено лабелца baby lips ги има сите освен ова. Ме интересира дали воопшто го носат во Македонија или има голема побарувачка за него па јас сум баксуз што не можам да најдам. Ако случајно знаете или видите некаде дека го има, ве молам известете ме.
А оние чоколадни лабела што беа порано, на Росал ли беа не знам... Лабелце со мирис и вкус на чоколадо.. Кај да најдам??
Од лабелата на Baby Lips, најдобро е безбојното, а мене црвеното ми беше сосема ОК. Единствено нешто што не ми се допадна е нијансата, мене таква црвена боја не ми стои, но за хидратација ми беше супер. Искрено, сум била на повеќе места (и во неколку маркети на dm, и во тинекс...) и го немам забележано ова лабело. Ги имам видено само синото што хидрира, портокаловото што остава црвена боја, розовото, жолтото, зеленото и виолетовото со боја на праска. Инаку и јас се интересирав за лабелово, ама го немаше никаде и се откажав.
ова се моите лабела Првото е од H&M Второто е на Baby Lips (имав и уште едно-зелено али го изгубив Третото е на Labello Четвртото е на Labello Искрено,првото е прекрасно го земав 3€ во август и од тогаш го користам.Со мирис(вкус) на ванила и јаболко е Јас вакво порачав(пишав и во темата за продукти од Авон).2 недели пред НГ и порачав на другарка ми.и уште ми го нема дадено.Што да правам???ова ств.многу помага топ е ....(ретко пиш.на кирилица од тел.па затоа пишувам на скрат.) Решение луѓе......порачавме 2 недели пред НГ а сега е 15...Мислите ли дека се мајтапи со мене!??? Многу е нељубезна и стално ме користи.... Види го прикачениот фајл 191448 Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
@Feminka22, најголем дел од дистрибутерите цел месец собираат порачки и порачуваат еднаш, откако ќе заврши каталогот. Е сега, 2 недели пред НГ уште беше активен претходниот каталог така да тие порачки би требало веќе навелико да се стигнати.
Незнам јас зошто уште се замараш со "другарка" ти ?!Лабелово јас го имам користено и не е нешто WOW.Пакувањето наизглед е слатко , ама треба да брцкаш со гнасни прсти во него , што е баш гадно.Мирисот на почетокот му беше супер , ама сега ми се гади кога ќе то помирисам .Ако толку ти е потребно лабело во моментов појди во маркет или аптека и набави си едно.Лабело како лабело , сите се исти , само мирисот им е различен.Немој си ја молела уште еднаш!! Инаку , после толку долго време конечно пронајдов лабело од ментол Ем евтинко , ем со преубав мирис .А и во хидратација добро се покажа