Балзамот Мелем, Универзалните балзами на Авон и Орифлејм, Балеа путерот за усна итн сите функционираат на овој принцип, ако се измијат рацете пред користење нема проблем Со тоа кажано, јас овие балзами ги користам за по дома, кога сум излезена надвор се шлапам со `традиционално` лабело
ЕПА тоа за жал е невозможно кај ова лабело :/ , мора прстите да ги брцкаш.Прогуглај и ќе видиш подобро како изгледа.
И јас го забележав истото. Розевото остава како парчина на устата, воопшто не ми се допаѓа, додека Cherry me е далеку подобро! Видно ја хидритира кожата и плус има преубава боја Моментално тоа и го користам и е најдобро кое сум го користела до сега
Јас го имаВ зеленото од Fresh Mint ,а го имам и цикламата Pink Punch овие супер ја хидрираат усната,иако Fresh Mint повеќе
Ова лабело ми е омилено и секогаш го имам при рака, а едно време многу го сакав на Росал Milk&Honey не сум забележала дека се уште го има.
исто и јас го забележав ама тоа од праска што е, и сега само за по дома ќе го користам, а хидратицијата е супер
Ги користам овие две и можам да кажам дека сум многу задоволна..Затоа што росалот ми е при крај повеке го користам baby lips-от и многууу ми се допѓа
Го има Росал milk&honey, јас си го купувам секоја зима, традиционално. Најубаво ми ги штити усните од сувиот и студен воздух.
Кај балзамите во кутивчиња таква е техниката на нанесување. Можеби на Балеа балзамите, оние малите метални, како Juicy Orange, Splashy Watermelon и Lovely Raspberry, не знам дали има други, со 'duck face' може да се нанесе, само треба да се внимава да не има балзам околу усните. Кај балзамите од Орифлејм и Авон е невозможно директно на устата да ги нанесеш. Отворот е премногу мал. Нехигиенски е ако со валкани раце бркаш внатре. Јас секогаш ги мијам рацете, па потоа го користам. Единствено нешто кое ме нервира е тоа што кога имам долги нокти, како и да бркнеш, имаш балзам под ноктите. Претежно ги користам пред спиење.
Ако имаш долги нокти, брцаш внтре во обратна насока, па вадиш мала количина на површината на ноктот која би ти била доволна за да нанесеш а да не се измачкаш како да си јадела нешто мрсно. Јас отсекогаш така ги нанесувам ваквите балзами за усни, нормално, со претходно измиени раце. Во последно време ги избегнувам зашто не ми се толку практични - не заради долгите нокти, на тоа сум навикната, ами онака. Покомпактни ми се класичните на извлекување.
Не го земај последното што го имаш постирано, тоа зеленото со цимет и јаболко. Прекрасно мириса но не само што не ги негува усните, туку дополнително ги суши
Дефинитивно најдобро лабело што сум го користела до сега. Имам навика да ја копам устата додека учам, смирува во рок од секунда. Секоја препорака.
И првото розевото не го земај не е воопшто хидратантно ја суши устата а бојата катастрофа како брашно да сум ставила
И мене исто многу ми се непрактични овие од кутивче иако по мое искуство се похидратантни од тие на извлекување. Затоа сега користам течни, знаете оние во тубичка, или на eucerin или на yves rocher многу се хидратантни и хигиенски.