Моментално користам на Балеа,задоволна сум и се чудам како споро се троши обично за месец дена купувам ново,а оваа ми трае веќе 2 месеци,а бога ми и повеќе Се чудам како е можно,а секојдневно го користам
@Faline uau трошиш лабело за месец дена? Алал да ти е хаха, јас моево последно го имам еден месец (неполн) и потрошено е 1/4. Ставам повеќе пати во денот (наутро, навечер пред спиење, и во текот на денот по потреба...)
Обично оние на Нивеа или Росал многу брзо ги трошам стварно незнам зошто Дали дека секој 5 минути ми е лабелото во рака бидејќи прекрасно мирисаат и сакам нон стоп да имам ставено
Девојки во која аптека (или било каде) во Скопје има лабело Blistex? Една недела се обидувам да најдам никаде го нема
Девојки устата во последно време многу ми е испукана, не знам што да направам веќе. Си купив лабело (како на сликата) ама не помага ич . Ај предложете ми некое што е навистина добро
Зависи која е причината и колку долго ти се испукани, ако ти се подолг период испукани можеби се работи за недостаток на витамини (А,Б, Ц и железо..најчесто), а неретко и поради нездрава и многу зачинета храна, исто така ако користиш некои кармини или сјаеви за усни кои не се баш со проверен квалитет или можеби си алергична на нив може да предизвикаат суви и испукани усни, а доколку се работи за краток период како ти се испукани, конзумирај повеќе вода, често пукаат од дехидрација, поретко оближувај ги усните затоа што така се губи природната влажност, е сега во случајов ако не помага лабелото, пробај со павловичева, исто така можеш со натопено памукче со чај од камилица нежно да ги поминуваш некое време додека ти се смири, па потоа продолжи со лабело. Инаку NIVEA се добри барем за мене, јас го користам nivea fruity shine cherry
Мене ова од мед и млеко многу ми помага. Мрсно е и хидратантно, тие овишните се самo за сјај да даваат. Во случај да не го најдеш ова, побарајго обичното во сино пакување So Natural мислам се викаше. Јас лично ова другово го немам користено поради мирисов на мед и млеко што многу ми се допаѓа но многу е фалено како хидратантно.
Јас ова го купив пред некој ден и сум презадоволна. Дава сјај и мекост. Мислам дека најдобро ќе биде да си земеш Rosal lip balm - so natural, штом не ти помага Labello. Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Јас користам лабело со прополис од Галафарм , многу сум задоволна , ги прави меки и нежни усните , не дава некој посебен сјај , ама тоа и ми беше целта
Мене ми помогна и не го заменувам со друго, мене и покрај тоа што ми пукаше имав и корупки и лушпи ама од коа го користам немам проблеми веке.Пробај го и тебе ке ти се допадне мислам дека
препорачајте ми лабело кое ги потхранува унсните и убаво мириса ,меѓутоа да има боја како на устата ..