Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лабело за усни

Дискусија во 'Лице' започната од Plavusa.17, 18 јануари 2012.

  1. HappyGirl:)

    HappyGirl:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    И јас го купив истото пред некое време и сум презадоволна. Нема боја, ги омекнува усните и многу убаво мириса. Еднаш устата ми беше отечена и испукана заради студеното време надвор, за два дена со помош на ова лабело, се беше нормално. Плус, многу бавно се троши и трае подолго време.
    А ако сакате некое убаво лабело за боја и сјај, имам едно лабело на Росал, со светловиолетово капаче. Не хидрира, но многу убаво мириса/
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    jas koristam vazelin so neven stom ke osetam nesto vednas se mackam i odma se povlekuva
     
  3. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    После омиленото Pink Punch, решив да го пробам Peach Kiss.
    Бојата е нешто како нуде со ситни светки, не е многу пигментирано. Мене усните ми беа многу суви на краевите, ова за 3 дена ми ги опорави што не очекував искрено.
    [​IMG]
     
    На Salome и cooll им се допаѓа ова.
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    И јас го имам истото, Галапро од Галафарм и го зедов токму заради тоа што е на база на прополис и восок. Во каква состојба е? Бидејќи моето е во многу цврста форма, па се прашував дали е тоа заради студеното време (зошто го носам во ташна) или е такво заради восокот (кој е една од клучните состојќи)?
     
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Ако зборувате за ова навистина ми е чудно како сте толку задоволни, јас го имав ставено во најлоши производи. Премногу беше цврсто и требаше 10 пати да пројдам на устата, а и чудна структура ми имаше, не знам...
    [​IMG]
     
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Elence93 тоа е тоа. Како што пишав и погоре, структурата му е таква заради пчелиниот восок, кој е една од главните состојќи. Инаку, еве некое време го имам и почнува да попушта. Само не знаев дали кај сите е со толку цврста структура и после некое време опушта или мене ми се погодило такво.
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не е до пчелиниот восок, самите лабела се такви, никакви.
    Овде прочитав многу пофалби од некоја феминка, не се сеќавам веќе која, за тоа од Ванила (прво на сликата) [​IMG] и си реков да го пробам. Прво, не мирисаше воопшто на ванила,а второ толку беше суво што кога ставив ми се појави крв на устата од самото нанесување, а не ми беше толку сува устата.
    Ужас.
    Омекнува ако го оставите на ептен топло, ама и тогаш треба да повторите неколку пати за да се почувствува некаков ефект.
    Росал обичните за овие се измислени, а разликата во цена е некои 20тина денари.
    Никогаш повеќе нема да го купам, и по којзнае кој пат се уверувам дека не треба да ги земам здраво за готово сите рецензии што ги читам овде, често пати се претерува во пофалбите, а не ми е јасно зошто е тоа така.
     
    На kala21 и Elence93 им се допаѓа ова.
  8. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Na Rosal svetlo sinoto i zelenoto so aloe vera mi se dobri.Tender care od kokos balsamot od Avon za se e dobar.
    Ama Melemot e stvarno melem,jas go imam toa vo forma na labelo,za 5 min se sto treba da se smeni od ustata ke se smeni,ustata meka i preubavo mi mirisa,bar mene,neutralno,cisto,meko.
    A od Nivea imam dve probano,dvete kako da mi ja susele ustava.
     
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Никогаш не би напишала нешто позитивно доколку некој производ не ми одговара или негативно ако ми одговара. Но имај во предвид дека се работи за толку многу различни вкусови, со толку многу различни кожа, коса.
    Ретко користам балсам, но периодов носев многу суви кармини од кои ми се оштети кожата и ми требаше некој за потхранување. Тоа беше причината зошто го избрав кога видов дека е во прашање восок и прополис. Не ми пречи што е во таква тврда состојба, но видов во составот дека содржи силиконско масло (а силиконот не помага, туку визуелно го решава проблемот) и сум малку скептична.
    Во секој случај, треба да помине време пред да ја донесам конечната одлука :D
     
  10. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Maybelline лабелцата се на попуст у Тинекс за 95 ден.
     
  11. HappyGirl:)

    HappyGirl:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Па види, кога го купив беше многу суво и цврсто и помислив дека сум дала пари за џабе... ама по неколку нанесувања, лабелото омекна и сфатив дека сум го направила вистинскиот избор (за мене, затоа што има многу различни типови на усни и не му одговара на секој исто лабело). Сега имам потрошено 3/4 од лабелото, доволно е еднаш да нанесам и има убав слој на усните. :)
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    HappyGirl:) и јас сакав тоа да го напишам. Првите неколку слоеви направија да помислам дека нема да биде добро. Затоа на производите им давам повеќе време пред да проценам какви се. Откако ги нема првите неколку слоја, веќе е друг муабет :lol:. Омекнува и првите неколку слоја, наместо да ги отстранам, ми помогнаа да ја омекнам сувата кожа на лактите (на која ништо не и помагаше).
    Пчелин восок + прополис = како за мене, иако не го користам постојано.

    Мириса убаво но ненападно и ме потсеќа на пудинг од ванила (зошто има суптилна арома на ванила) :)

    P.S. Името на темава до кога ќе го носи името на брендот наместо на самиот производ? :|
     
    На HappyGirl:) му/ѝ се допаѓа ова.
  13. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Овие ги има кај нас во Македонија? Јас не сум ги видела... SAn1RW4igy.png qGmqQJxAbI.png
     
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ги нема, а не верувам ни дека ќе ги донесат.
    Толку долго чекавме за основната колекција, онаа која секогаш ја има, па не ми се верува дека ќе ги увезат останатите.
    А, баш има убави колекции.
     
    На love11111 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AmericanGirl05

    AmericanGirl05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Го користев baby lips-от со ментол и воопшто не сум задоволна.Наместо да ми ги омекне усните тоа бетер.Уште повеќе ми се исусшија дури почнаа и да ми се лупат.Не го препорачувам BABY LIPS-от СО МЕНТОЛ!!!!!!Инаку ги препорачувам сите лабела од baby lips(освен зеленото со ментол) и nivea.Сите се одлични :)
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Најубавото лабело што некогаш го имам користено, усните ги прави меки, башка и дава некоја нежно розева боја на усните.. одлично е

    [​IMG]
     
    На AmericanGirl05 и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  17. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    237
    Го пробав розевото Baby Lips и мене лично воопшто не ми се погоди. Не ми ги омекнува усните, хидратација нула. Сега го користам она на Labello од цреша и солидно ми е. Сакам да пробам некое од лабелата на Alverde. Дали некој пробал и како е задоволен од истото?
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    96.678
    Па штом ти пуштила крв устата , сигурно ти била сува:^). Јас го пофалив лабелото од ванила, го потрошив и останувам на моите зборови. Планирам пак да го набавам. Точно дека е во прилично цврста состојба, меѓутоа кај мене стоеше во соба, не го носев во ташна и откако подомекна за да добие доволна мекост за убаво аплицирање на усните, не ја поврати првобитната постегната структура. Не чувствувам потреба никогаш да преувеличувам за позитивни или негативни карактеристики на некој производ, сигурно Галафарм нема да ми даде процент за добра критика на нивниот производ. И не, разликата во цена со Росал обичните не е 20тина денари, јас го земав синото на почетокот на зимската сезона точно 98 денари, а тоа е скоро дупла цена. Така да во право си, не треба да се зема здраво за готово информација од форумов, оти ете и ти даде неточна за цената на Росал :hai:.
     
    На OmniaVanitas и Rama им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Го купив неодамна Интенсив лабелото од Балеа (овде читав препораки, па ај реков ќе го пробам). Мислам дека е со мирис на бадем.
    За екстремно суви усни како моиве не го препорачувам. Нема никаков ефект. Треба да се мачкам цело време, инаку веднаш ми се сушат усните какво што е сега времево. За помалце ветровито време може би ми одговарало. Инаку убаво мириса.
     
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    За екстремно суви усни, особено за студени денови го препорачувам Eucerin lip active.

    На сувите и испукани усни во зима потребна им е вистинска нега, а декоративната козметика тоа не може да им го пружи. Сум користела најголем дел од лабелата за кои има позитивни критики (Rosal, Nivea, Labello, BabyLips), но немаат никаков посебен ефект на усните, речиси никаква хидратација, освен прекрасната миризба.

    Лабелото е медицински наменето за сува и испукана кожа, нема никаков мирис (погодно е и за мажи), доволно е мрсно за нега (не премногу за да светат усните), и не дава чувство на собирање на усните. Од мене има 10/ 10. Цената му е околу 150 денари.
    [​IMG]
     
    На Leela му/ѝ се допаѓа ова.