Ги има по маркетиве двет сини, тоа најлевото и тоа најдесното. Јас го користам тоа темно синото (најлевото) и многу ми се допаѓа, многу меки ги прави усните, нема боја и има неутрален мирис (можеби има некоја слаба нота на ванила). Чини околу 110 денари, а тоа светло синото е некоја поекстремна верзија на ова и чини околу 150 денари. Мене едно од омилените лабела ми е оно на Neutrogena, доста слично е со темно синово на Labello. Сега ќе го пробам на Eucerin штом толку го фалите.
Ги нема... А ако ги носат, ќе ги донесат најмалку за пет години.. Јас лично знаев за основната колекција три години пред да ја донесат овде, а за овие уште којзнае колку ќе се изначекаме. Штета, сите колекции се многу убави. Btw, може некој подетално да ми објасни за Neon Baby Lips? Некој што ги користел, да знае какви се
Зависник сум од добар балзам за уста, но не ги сакам оној тип што оставаат многу боја и имаат нападен овошен мирис. Еве ги моите топ 5 1.Hemel lip care- најмрсниот и потхранувачки балзам за уста што сум го користела, мирисот е специфичен и не е за сечиј вкус, но негата е незаменлива. Сакам производи што се на природна база и имаат хербален мирис.(околу 220ден.) 2. Gerovital balsam- Пријатен мирис на ментол и разладувачки ефект што трае, убава текстура и трајност.(околу 150ден) 3. Labello lip balm peach- Прекрасен мирис на праска, убава текстура, дискретна боја и сјај.(Околу 120ден) 4. Nivea lip butter- Дефинитивно преценет производ, не е лош но не е ништо посебно. Јас го имам со мирис на малина и прекрасно мириса, но тоа што ми пречи е што ако врз него сакаш да ставиш кармин не се нанесува многу рамномерно. Кога усните се рспукани ги потенцира наместо да ги измазни.(околу 3 евра) 5. Галапро стик за усни- јас го имам користено од прополис, на форумот читам поделени мислења за квалитетот. Пред неколку години го обожавав беше масен и сјаен, со тек на време нешто променија во формулата и стана потврд и со грутки. Секое пакување што сум го купила било различно, некогаш ќе се погоди некогаш не. Во секој случај како најефтин од горенаведените не е на одмет да се проба.(околу 70 ден)
Здраво, Дали некој од овде може да ми каже каде можам да најдам вакво лабело од калинка - и мора да е баш од оваа фирма? Сакам да ја изненадам девојка ми, бара насекаде вакво веќе подолго меѓутоа нема. Од амазон или било каде на интернет се по 1000 денари и не доставуваат до МК... Дали може да ми помогнете од каде да најдам вакво, го има некаде во МК? Фала ви
јас си зедов вакво од минатиот број на орифлејм за 99 денари и многу сум задоволна.Устата веднаш ми ја прави мека и нежна.
Јас ги земав и двете, и розевото и портокаловото. Ова розевото повеќе ми се допаѓа. Баш такви бои на лабела и сакам. Негата е солидна. Портокаловото го немам користено доволно.
Си го зедов од Logona за прв пат..една другарка ме убеди као многу било добро за секојдневна нега.. од органско потекло е, цена 210 ден. евтино е како за органско за разлика од хаушка што е дупло повеќе..
Како што кажав во постот, не ми беше толку сува устата за да дојде до стадиум да ми потече крв, затоа и го потенцирав тоа, лабелото беше толку суво кога го нанесов прв пат што дури ме болеше устата кога ставав и тогаш ми потече крв. Потоа омекна малку, ама уште е тврдо, далеку е од мекоста што ја имаат другите лабела. За разликата во цена, јас ова го земав 50 и некој денар мислам во Тинекс, а од Росал најевтиното е мислам 80 и нешто, така што ајде, не е 20, туку 30 денари, а разликата во квалитетот е огромна. Има во аптеките (мислам и во Зегин дека го имам видено) едно италијанско, со мед и млеко (и некои други видови), сега не можам да се сетам на името, цената не му е повеќе од 70 денари, ама е прекрасно, ова од Галафарм е најлошото лабело што сум го користела во животот. И дај реално кажи дали мирисаше на ванила? Јас најмногу поради тоа го купив, сакам ванилести работи, ама ова не мириса така. Како и да е, можеби тебе ти се погодило, немам намера да се убедувам- јас знам дека никогаш нема да го купам повторно.
Секој со своето искуство, мене ми беше баш ок и да, баш ванилесто бидејќи и јас го сакам тој мирис и вкус. Јас набавив ново пакување пред некој ден и ми врши добра работа.
Сакам да ја прашам @OmniaVanitas дали го користела лабелото на Ziaja од кокос? Знам дека ги обожаваш продуктиве, те молам израдувај ме со позитивна критика. Многу му фрлив мерак, обожавам кокос.
Добра коинциденција, Mishela. Го немам користено тоа од кокос ама деновиве планирав да го земам Уште поубаво ќе беше ако ги носеа оние од масло од какао, но ги нема кај нас. Ќе го побарам и она од маслинка но сум скептична дека ќе го има. Го користам тоа од путер од портокал но и ова пакување ми е веќе при крај. Можам да напишам за него: не лепи, не создава зависност како некои други, има убава суптилна арома на портокал и не се чувствува на усни но сепак прави голема разлика. Си најдов и пост на темава уште од претходно и го немам променето мислењето Ако не ти е итно, можеш да почекаш некој ден па ќе пишам и за друг вид кој ќе го земам..што најверојатно ќе биде од кокос бидејќи другите ги нема, а сакам да направам промена. Уште и ако го начекам на попуст ќе биде уште подобро
Дефинитивно најомилено и најдобро лабело за моиве усни.. Кога ќе подзалади одма имам проблем. Сум пробала најразлични, последно беше жолтото на Алверде, но ни тоа ни на Балеа, ни Нивеа не може да ми се спореди со ова.. За мене е чудотворно
Ова лабело ми е омилено...Го користам секој ден,бидејки усните често ми пукаат поготово зимскиот период од ладното....Инаку сум корстела и други но ова некако го погодив....
Речиси секогаш користев Росал од мед и млеко,ама се решив да сменам и го зедов розевото ама не сум задоволна.А инаку од Авон го имав ова балсам како сјај и навистина е предобро ама мислам дека го нема повеќе во каталогот :/ а и тоа што го имав го загинав и уште не можам да си го прежалам
Ова на Garnier остава некаква боја или е безбојно? Има некаков вкус/мирис? Ако е на ванила ич да не го купувам!
Е сега се радувам ептен! Ќе те почекам, без гајле, мене не ми е итно, си имам две лабела кои моментално ги користам и ги менувам во зависност од потребата, ама неверојатно многу сакам да го пробам ова на Ziaja. Па и дека се работи за кокос , не можам да дочекам да потрошам барем едно лабело. За путерот од портокал (мислам дека е путер, или? ) и јас се согласувам, преубав е, потрошив цело кутивче пред некое време и сега сакам да го пробам ова. Очекувам рецензија.
@kjukli, од кај го зеде лабелото? Јас отидов денеска до Веро цела среќна да го купам кога испадна дека они не држат Гарние лабелца И дали паметиш која цена е?