Со заштитен фактор ги имам користено тоа на Vichy и од Авон, и двете се одлични, барем за мене, еве сега баш тоа од Авон го има за порачување онлајн на нивната страна во делот Порачајте со едно кликнување -Специјални инетрнет понуди со цена 49 ден. и трае уште два дена.
SunDance на Balea е предобро лабело. Не знам колкав заштитен фактор имаше, ама за тие 70-тина денари е одлично, јас (ќе) го користам трета година по ред.
Дада јас си го купувам во маркетот блиску до мене,а понекогаш и во аптека.Топло ти го препорачувам преубаво е
Повеќе пати во изминативе години сум го користела лабелово на Rosal и сум доста задоволна од истото, кое го користам и сега. Претходно го користев светло синото (не можам слика да најдам од тоа, за хидратација беше) и бев многу задоволна, но се вратив на ова, бидејќи на мојов не му се допаѓаше мирисот. А зимава, бидејќи повеќе ми се сушеше устата, решив да пробам ново лабело и наидов на ова Прилично ми ја омекнуваше устата, ми ја хидратираше и ја заштитуваше од надворешни влијанија. Пред неколку години имав страшни проблеми со устата, ми се правеа рани од студеното, ама тогаш ја спасив само со Вазелинот со пантенол и невен од Галафарм. Сега за летово не знам кое лабело да ми биде следно, кога ќе го потрошам синото од Rosal.
Случајно некој да не го пробал ова лабело со чајно дрво, звучи добро, го гледам во каталогчето на Зегин за 185 денари.
Ова лабело е совршено!Го сакам најмногу и секогаш е со мене,ги хидратизира усните и им дава прекрасен сјај,го има во dm за 130 денари
Ги имa нa ибеј , се прoдaвaaт вo сет или еднo , дoaѓaaт oд aмерикa нaјчестo a скaпички се еднo oкoлу 6 еврa е a сет oкoлу 20 еврa дa пoрaчaш ,нo бaш би сaкaлa дa прoбaм еднo пoгoтoвo oвa кoкa кoлa
Здраво девојки, јас најчесто сама си правам лабело за усни кое е одлично за суви усни, комплетно природно и екстремно негува, ама ако треба да препорачам некое тогаш тоа би било она на alverde со невен. Поголемиот број на лабела во својот состав содржат нафтени деривати како paraffinum liquidum, cera paraffina, mineral oil и така натаму, кои се многу штетни за кожата, особено на устата затоа што голем дел од тие лабела ги голтаме и завршуваат во внатрешноста на организмот. Доколку сте заинтересирани еве ви го мојот рецепт за лабело со пчелин восок и мед кој верувајте ми гоподарив на повеќе пријателки (последниот пат направив поголема количина) и сите беа презадоволнио од крајниот резултат. Поздрав и пријатен ден на сите. Направи сам: природен балзам за уста Балзамот за уста е едно од моите омилени производи. Го користам навистина многу, особено навечер пред спиење затоа што во текот на ноќта феноменално ја омекнува кожата. На пазарот постојат голем број на базами за уста, меѓутоа поголемиот број се навистина повеќе штетни отколку корисни, затоа што содржат течен парафин кој веќе многупати напоменав дека не е компатибилен со кожата, предизвикува проблеми и е доста штетен (види листа на штетни состојки http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html ) Во продолжение ќе ви покажам како сами и на многу лесен начин, да направите комплетно природен балзам за уста. Верувајте поедноставно е отколку што изгледа, а барем сте 100% сигурни дека тоа што го мачкате е природно и нема ништо штетно во својот состав. Потребни состојки за овој рецепт се: - 3 кафени лажички пчелин восок (може да го најдете кај производителите на мед) - 1 кафена лажичка мед - 6 кафени лажички масло (сончогледово, јојоба, рицинус, ориз) - 6/7 капки етерично масло (лимон, портокал, лаванда) Доколку восокот е големо парче како моето, најнапред изрендајте го за да добиете што помали парчиња кои се полесни за топење (целото парче многу потешко ќе го стопите и ќе изгубите доста време). Земете три лажички од восокот и во една поголема шоља од кафе помешајте го со 6 лажички масло. За овој рецепт јас користев рицинусово масло. Врз загреана рингла (или плинска боца) ставете едно ѓезве со вода и откако ќе почне да врие врз него ставете ја шољата за да го стопите восокот на пареа. Откако ќе се стопи тргнете ја смесата, ставете една лажичка мед и 6-7 капки етерично масло по ваш избор (јас овојпат користев етерично масло од портокал затоа што ми се допаѓа како се сложува со мирисот на медот). Убаво мешајте цело време затоа што во спротивно медот веднаш ќе се стврдне и ќе ви се појават грутки. Смесата треба да изгледа вака: Веднаш ставете ја смесата во мали кутивчиња за балзам. Од оваа смеса се добиваат околу 6. Јас имав само три на располагање (со разни големини), а остатокот го ставив во една помала тегличка. Вака добиениот балзам оставете го да мирува најмалку 20 мин. додека да се стврдне и потоа слободно користете го секојпат кога ќе имате потреба за тоа. Совет плус: доколку сакате балзам во боја при подготовката на смесата, кога таа е сеуште во течна состојба, додадете мало парче од кармин (ве молам некој органски или природен без силикони инаку џабе ни е се). Јас повеќе го сакам безбоен и затоа не додадов ништо. Се надевам дека рецептов ви се допадна и доколку се одлучите да го пробате оставете коментар како ви испаднал и дали ви се допаѓа. Благодарам Вики
Biodevojka ваков сакав да направам одамна но се премислив зошто сакав да користам кокосово масло (кое станува течно на околу 25+ температура), но и ако користев некое друго, се мислев дали заради восокот ќе биде премногу цврсто? Какво е твоето во поглед на конзистентноста?
Здраво драга, моето одлично се одржува и во топли денови (како изминативе). Доколку го направиш според точните мерки кои ги имам дадено нема да имаш проблем. Убаво се размачкува и воопшто не е премногу тврдо. Еве моето јас уште го користам секоја вечер пред спиење за омекнување на усните. Ти советувам да користиш рицинусово масло затоа што е најхранливо за кожата, многу ја омекнува, а и многу издржливо како масло и доста густо за формулација во еден производ . Восокот ги држи сите состојки заедно. Следно нешто ќе пробам е со какао путер наместо восок да видам како ќе излезе. Многу ме привлекува како путерот ептен е хранлив а за на усни е спас. Деновиве ќе направам еден универзален путер и одма ќе ви постирам рецепт и резултати овде. Инаку имаш право за кокосовот не издржува, во зима е супер ама летно време ќе ти се растече насекаде, освен ако не го чуваш во фрижидер. Поздрав
Мајка ми едно време го користеше лабелото на Eucerin и беше презадоволна Дали ќе ги има во некој од следните каталози? Бидејќи јас сега ја рагледав брошурата и ги немаше во неа Ги нема кај нас, но можеш од некаде преку интернет да си нарачаш дали е доволно хидратантно, и остава ли боичка? јас моментално го користам синото, преубаво мириса, и ги омекнува усните а а исто така го користев и жолтото не беше лошо и убаво мирисаше сестра ми го користи peach kiss (тоа виолетовото) и е презадоволна убаво мириса, остава минимално боичка, доволно е хидратантно и омекнува па можеш да си го земеш синото или некое од овие другите ги немам користено преубаво мирисаат,ѓи обожувам убаво ли мириса, остава ли боичка и дали е доволно хидратантно? oд каде го нарача?